Прво финале за Македонија на ЛОИ

Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми.

 |  Крсте Голабовски  | 

Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми.

Нашиот натпреварувач во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин со 12-6.

Во финалето тој ќе се сретне со Владислав Ларин, кој во полуфиналето беше преубедлив против Кинезот Сун со 30-3.

Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top