Капелата во Струга никако да профункционира

Заврши фамозниот проект за изградба на капела за привремено одлагање на мртовци во Струга.Но сеуште таа е вон употреба.

 |  Николоска Биљана  | 

Капелата во Струга никако да профункционира. Очигледно низата проблеми кои се јавија во врска овој фамозен проект, не престануваат. Според најавите на директорот на ЈП „ Комунално“, Петко Кутаноски, таа требаше да биде ставена во употреба уште минатата 2010 година, а еве сеге одминува и првата половина на 2011. За капелата со свои забелешки излегоа струшките советници, во врска цените кои граѓаните треба да ги платат за таков вид услуга, поточно привремено одлагање на мртовци.

Кутаноски појаснува дека ценовникот веќе бил усвоен од страна на Советот на општината, па поради тоа советниците биле во заблуда. Тој додаде дека во секој град за капела и уредување на гробишта се плаќало годишна цена гробарина, таков е случајот и со Струга.

Кутаноски, смета дека сите проблеми во врска ставање во функција на капелата се надминати. Но, според него треба да помине уште еден месец, онолку колку што трае изборниот процес, како се би било регуларно.
Околу цената за гробарина, Кутаноски ги разгледал сите ценовници низ земјава и смета дека неговиот ценовник на услуга е најефтин. Но не е малку не е многу да се види дали и после еден месец стружани ќе можат да ја употребуваат капелата и дали конечно со функционирањето на овој објект ќе се средат и уредат гробиштата кој се во крајно лоша и загрижувачка состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top