Post Views: 3
Луѓето во активниот туризам бараат култура, природа, автентични искуства кои доаѓаат од директните контакти со локалното население. Ако се земат предвид овие фактори,Македонија е одлично позиционирана за учество на активниот туризам, истакна американскиот амбасадор во Р Македонија Џес Бејли на конференцијата Adventure NEXT Balkan, кои од 10 12 мај се одржува во Охрид. Бејли, истакна дека американската амбасада со задоволство ја поддржува оваа конференција за развој на туризам која се подготвува 2 години и претставува составен дел од нивните напори во проектот за поддршка...
Post Views: 1
Православното население од село Октиси-Струшко, со последни сили се бори повторно да ја добие својата урната црква, Св.Димитрија. Нивниот последен апел го послуша ВМРО-Народна партија која лично се обрати до владата и до министерството за транспорт и врски да ја исправи оваа неправда-како што велат тие. Поради лошата состојба во која се наоѓала црквата св.Димитрија, жителите на Октиси решиле да ја обноват. Откако ја добиле дозволата за градба односно реконструкција, тие ја урнале оваа црква. Но решението за градба кое го добиле од Министерството за транспорт и врски,...
Post Views: 6
Црквата Свети Ѓорѓија е македонски православен христијански црковен храм во градот Охрид. Поточно, црквата се наоѓа во источниот (горниот) дел на градот, на крајот на населбите Расадник и Горна Влашка Маала, во близината на Градската општа болница и кружниот тек на патот кој води кон селото Велгошти и во правец на Битола. Црквата е изградена во 1834 година, а камбанаријата е изградена во 1950 година.
Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган...
Post Views: 0
За седум дена во неделата – седум предлог книги кои веќе може да се зајмат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Од издавачката продукција на Литература.мк ви ги предлагаме следните наслови: „Автобиографија на Агата Кристи“, „Три желби“ од Лијан Моријати и „Париската библиотека“ од Скеслин Чарлс Џенет. Во овој неделен преглед на нови наслови се и изданијата на Сакам книги, и Матица македонска: „Не напуштај ме “ од Шеви Стивенс и „Луѓе и времиња“ книга прва од познатиот македонски политичар Стојан Андов. Не помалку интересни и возбудливи за читање, барем како такви...
Post Views: 4
Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денес ќе се одржи Отворен ден, во периодот од 11:00 до 14:00 часот.
Училиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето. Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во нашето училиште,...
Post Views: 3
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство прават вонредни контроли на операторите со храна во охридско- струшкиот регион. Контролите во туристичките центри имаат за цел да спречат евентуални труења и инфекции од храна кои може да се случат како последица на високите летни температури, информира Николче Бабоски, директорот на АХВ.
Во втората недела на месец јули инспекторите исконтролирале 89 објекти меѓу кои се хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекари, сендвичари и други оператори со храна.
За утвредените неусогласености, најдена храна...
Post Views: 2
Убавините на Охрид и Македонија магнет за љубителите на авантуристичкиот туризам. Започна меѓународната конференцијата за активен туризам, што се одржува Охрид на која учествуваат 300 делегати. Меѓу нив има врвни експерти од областа на туризмот и новинари од 25 влијателни светски медиуми, како и блогери и други професионалци. На конференцијата присуствуваат и 65 светски тироператори од А листа, кои ќе ги продаваат македонските туристички производи заедно со 17 домашни агенции.
Првичните впечатоци од гостите се многу позитивни. Тие денеска се на промотивни тури низ...
Post Views: 0
Христијан Димовски студент на втора година на охридскиот Факултет за туризам и угостителство е крводарител. Димовски раскажува дека крводарител станал во средно училиште по неговото полнолетство. Денес, по 16 пат, тој се вклучува во уште една крводарителна акција. Младиот хуман oхриѓанец, кој воедно е и спортист, не го крие задолството и нагласува дека е среќен од чувството дека со неговата крв може да спаси нечиј живот и да помогне.
„ Тие се поврзани , спортот и хуманоста, сега се вративме од туризмијада освоивме 3 место во кошарка. Им препорачувам на сите да даруваат...
Post Views: 7
Пред многубројна публика, на конференцијата за девелопери, водечките луѓе од Facebook објавија побогато искуство на користење на Facebook Messenger. Кога се мисли на побогато искуство тие сакаат да кажат дека се работи на интересна содржина која е достапна благодарение на надворешни апликации кои ги користи Facebook за да им овозможи на корисниците (600 милиони активни корисници) позабавно допишување.
Моментално се достапни 40-тина апликации кои овозможуваат со пораките да праќате разни забавни GIF-ови, да креирате анимирани текстови, да ставате бркови на сликите и слично.
Апликациите...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид.
При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана.
Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали количини,...
Post Views: 2
Купувачите реагираат на квалитетот на одредени увозни артикли брендови кои се продаваат кај нас и во земјите од европската унија. Оние кои пробале некој производ дома и во странство забележуваат дека квалитетот на истиот бренд не е ист, потвдрува претседателаката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велков. Од ОПМ појаснуваат дека засега кај нас нема споредбени лабораториски истражувања на производите, а за овој проблем посебно за прехранбените артикли се дискутирало и на европскиот парламент. Засега кај нас не се истражува дали квалитетот...
Post Views: 6
Со средства во износ од 15 милиони евра Владата ќе поддржи отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини.
Поддршката на Владата ќе се доделува за бизниси од областа на земјоделското производство, алтернативно земјоделско производство, занаетчиство, туризам и услужни дејности.
Како што појасни на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, средствата на Владата ќе бидат наменети за покривање на 50 проценти од инвестицијата за отворање или развој на семејните бизниси. Најмала инвестиција за која граѓаните ќе...