СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, организира отворен ден

Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денес ќе се одржи Отворен ден, во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

 |  Голабовски Крсте  | 
ekonomski

Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денес ќе се одржи Отворен ден, во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

ekonomskiУчилиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето. Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во нашето училиште, за наставните планови и програми и нивната реализација, за условите и критериумите за упис на ученици во учебната 2016/2017 година и за сѐ останато што би ги интересирало, информираат од училиштето.

Настанот е организиран од Училишните компании кои работат на часовите по практична настава за четврта година, под менторство на професорите Царева Цветаноска, Весна Карамитре и Горан Попоски. Училишните компании ќе се промовираат истакнувајќи ги комуникациските вештини, тимската работа, водењето деловна коресподенција.

Настанот ќе биде збогатен со забавен дел организиран од матурантите при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и со присуство на охридски компании.

– Веруваме дека секој во себе носи некој талент. Ние сме тука да ви помогнеме да го откриете вашиот. Учете во најдоброто стручно училиште во Охрид, порачуваат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top