При контроли уништени 203 кг храна

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле 89 контроли на објекти кои тргуваат со храна во охридско-струшкиот регион. Во контроли биле уништени 203 кг храна. Уништени се 105 тони небезбедна храна во земјава во првите 6 месеци од годинава.

 |   | 

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство прават вонредни контроли на операторите со храна во охридско- струшкиот регион. Контролите во туристичките центри имаат за цел да спречат евентуални труења и инфекции од храна кои може да се случат како последица на високите летни температури, информира Николче Бабоски, директорот на АХВ.

Во втората недела на месец јули инспекторите исконтролирале 89 објекти меѓу кои се хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекари, сендвичари и други оператори со храна. 

За утвредените неусогласености, најдена храна со поминат рок, лоши хигиенско -технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство се издадени 15 наредби за одстранување на утврдените недоследности, изречени се 2 забрани за вршење дејност, 22 мерки за едукација на операторите, а изречени се и14 парични казни – истакна Бабоски.

Во направените контроли биле уништени 203 кг храна во охридско-струшкиот регион. Инспекторите на АХВ покрај овие објекти ја контролирале и продажбата на прехранбени продукти на маркетите и зелените пазари.

Каде освен овошје и зеленчук се продава храна од животинско потекло која е лесно расиплива во овој дел од годината. Може да е потенцијална опасност за труење ако правилно не се ракува со неа. Па на зелените пазари акцент се става на операторите со храна кои мора да ги исполнат стандардите за безбедност на храна за да вршат трговија со храна од животинско потекло – додава Бабоски.

Во првите 6 месеци од оваа година во земјава како небезбедни се уништени 105 тони храна. Инспекторите спровеле 24.000 контроли на различни оператори кои тргуваат со храна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top