Post Views: 6
Македонскиот гитарист Владимир Четкар во петок ќе го промовира новиот сингл „Heavenly“ со кој се најавува неговиот нов албум.
Синглот во прво време ќе биде пуштен само во дигитална продажба и тоа преку iTunes, Amazon, Spotify, Soundclud, CDBaby и т.н., се до промоцијата на новиот албум ова лето кога ќе се најде на носач на звук.
Четкар е во улога на комплетен автор и изведувач на „Heavenly“. Тој е композитор, продуцент, аранжер-оркестратор-диригент, текстописец, вокалист и гитарист на „Heavenly“, песната која како и останатите музички материјали кој ќе се најдат на новиот...
Post Views: 0
Убавка Јованоска од Прилеп, сега македонска снаа во Холандија, секоја година доаѓа во своето родно огниште. Годинава после 45 години таа на одмор во Охрид пристигна со цела своја фамилија со првиот чартер лет Амастердам – Охрид. Како што ни раскажа Јовановска, за Холандија заминала кога имала само две и пол години, заедно со нејзиниот татко кој таму заминал на печалба.
„ И мене ме зеде заедно со сестра ми, а моите двајца браќа се родени во Холандија. Имаме куќа во Скопје, а по потекло сме од Прилепско село каде сум родена. Мислам Охрид е најубаво место во Македонија,...
Post Views: 6
„Веднаш после добивањето на оваа информација од страна на полициските службеници од СВР-Охрид и полициската станица од Струга излезено е на лице место, извршено е фотодокументирање на пронајдената опојна дрога како и нејзино одземање. Веднаш непосредно потоа дрогата е испратена на вештачење во МВР. Според сознанијата на црниот нарко-пазар оваа количина на опојна дрога значи околу 114 килограми би изнесувала од 120.000 до 150.000 евра.“-рече Стефан Димоски-Портпарол на СВР-Охрид
Од СВР-Охрид велат дека ги преземаат сите оперативни мерки за целосно расветлување на овој...
Post Views: 2
Центарот за обука на пилоти бара нови регрути. Можеби нечија детска желба да се лета во височините многу лесно би можела да стане реалност. Слично како што се случило за пилотот Весна Петреска. Таа вели дека адреналинот и погледот од височина кој е уникатен и биле одсекогаш предизвик и неостварена желба. Кога се пријавила на огласот не верувала дека може да стигне до таму каде што се наоѓа сега, но вели дека со упорност и желба се се може. Петреска вели дека обуката доста бара од кандидатите, но дека нема некакви стереотипи дека женско не може да биде пилот, додава дека...
Post Views: 3
Вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во Црква Св.Софија, во 20:00 ч, концерт на камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски Ѓумар“.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 35 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука...
Post Views: 0
Локалната бара зголемена полициска присутност кај новите кружни текови кај Гимназијата и на пресекот на бул. „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Причина за тоа е што сеуште не е поставена хоризонталната сигнализација односно не се обележани пешачките премини поради што пешаците не се чуствуваат доволно безбедни при преминувањето на улицата.
Одделението за сообраќај и патишта е во постојана корелација со сообраќајната полиција при СВР Охрид. Ние ги нформиравме дека ќе биде потребно дополнително ангажирање на полицајци кај овие кружни текови додека не завршат градежните...
Post Views: 0
Пишува: Весна Коловска
Пост од Фејсбук искористен во обид да се направи новинарски текст, а во насловот да се дискредитира вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која на Парламентралните избори 2020 е носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица број пет.
Насловот на текстот објавен на сајтот bregalnicki.mk: „Додека Шеќеринска тера кампања со државни возила некој се дрзнал да го ограби Генералштабот“ осудува и во исто време коментира, а министерката ја става во функција на чувар на униформите и на Генералштабот во исто време.
Новинарскиот...
Post Views: 1
Грчкиот Митрополит, г. Дамаскин вчера имал средба и со Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј во седиштето на епархијата во Охрид.
Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, бил на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим – Охрид и во духот на еден Христијанин изразил желба да се види и со надлежниот Архиереј, што претставува еден коректен потег од негова страна.
Двајцата митрополити пријателски поразговарале на различни теми од секојдневниот живот и...
Post Views: 1
Центарот за обука на пилоти ќе имапрезентација на *Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” во 12.00 часот.
Центарот за обука на пилоти е наменет за селекција и обука на пилоти за потребите на АРМ, и е концепиран по примерот и стандардите навоздухопловната академија на Израелското воено воздухопловство.
Селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа на тестирања ипроверки кои кандидатите треба да ги поминат пред да отпочнат со летачките активности. Првенствено се врши проверка на здравствената и физичката подготвеност по што...
Post Views: 4
Германската полиција во станот и куќата на Andreas Lubitz, копилотот кој самоубиствено го урна авионот на Germanwings, запленила многубројни работи, вклучувајќи го и личниот компјутер на копилотот.
“Пронајдовме нешто што ќе биде предмет на тестирање. Во моментов не можеме да кажеме за што се работи, но тоа би можело да биде значајна трага за мотивот за тоа што се случи”, рекол Markus Nisczery, портпаролот на полицијата, а пренесува BBC.
Сепак полицијата подоцна изјави дека не се работи за порака за самоубиство, а во германските медиуми се појавија известувања дека Lubitz...
Post Views: 2
РК од „Охрид 2013“ годинава ја испишува својата историја во ракометот. Тие за прв пат учествуваат на турнир од висок ранг, односно обезбедија пласман меѓу четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот во купот . Нашиот град по втор пат е домаќин на фајнал фор турнирот во ракомет во Македонија.
„Учесниците ни се познати, покрај Охрид, учествуваат гигантот Вардат, металург и Вардар Јуниор. Натпреварите се одигруваат во петок во 17 и 30 е средбата помеѓу Металург и Вардар Јуниор а во 20 часот ќе се одигра второто полуфинале помеѓу Вардар и Охрид 2013, додека во сабота...
Post Views: 0
Запоставен е детскиот забавен парк на Булевар Туристичка наспроти бензиската пумпа реагираат жителите. Нивна желба е децата од околниот комплекс згради да добијат вистинско место за безбедна игра. Посакуваат и нивните деца да имаат реквизити и тие да се одржуваат како неодамна реновираниот детски парк кај каналот Студенчишта. Од Секторот за комунален развој најавуваат наскоро реконструкција на овој забавен детски парк.
„Во нашиот годишен план за работа на Секторот за комунален развој е влезено и ова повеќенамнеско детски игралиште. На влезот во градот...