Жителите од Булевaр Туристичкa реагираат на запоставениот забавен детски парк

 Жителите од Булевaр Туристичкa реагираат на запоставениот  забавен детски парк.

 |  Валентина Неловска  | 
park

 

 Запоставен е детскиот забавен  парк на Булевар Туристичка наспроти бензиската пумпа реагираат жителите. Нивна желба е децата од околниот комплекс  згради да добијат вистинско место за безбедна игра. Посакуваат и нивните деца да имаат реквизити и тие да се одржуваат како неодамна реновираниот  детски парк  кај каналот Студенчишта. Од Секторот  за  комунален развој најавуваат наскоро   реконструкција на овој  забавен  детски парк.

park„Во нашиот годишен план за работа на  Секторот за комунален развој е влезено и ова повеќенамнеско детски игралиште. На влезот во градот кај бензиската пупма Окта е поставено пред 4-5 гдини и е во прилично лоша состојба по увид на наши екипи и по дојава на граѓани и е време за негова рексонструкција“, најавува Танески.

 Засега е реновирано само детското игралиште кај каналот кое и физички се обезбедува со заклучување. На тој начин забавните реквизити се чуваат од уништување кое е својствено за повеќето игралиште. Вандали ги  кршат реквизитите се кинат заштитните огради од мрежи. Дали Локалната самоуправа планира да го воведе овој принцип на обезбедување на сите детски паркови, Танески одговара дека се разгледува и таа опција.  

park

„ Случајот со игралиштето кај каналот со отварање и затварање допрва ќе се разгледува за д асе приемни и на останатите детски игралишта. Одлука ќе се донесе  во периодот што следува. Наша намера е во летниот  период тие да бидат постојано отворени за  да може децата да се забавуваат. Но, со оглед на оштеувањата на јавните добра се налагаат други принципи “, наведува Танески.

Љупчо Танески напоменува дека за одржувањето на детските забавни катчиња надлежен е Секторот за комунален развој , а интервенираат охридските  јавни претпријатија  по добивање на нивен налог.
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top