Post Views: 0
Гастрономијата во охридско-струшкиот регион не е на потребното ниво , вакава е оценката на Дејан Христовски еден од врвните македoнски готвачи за моменталната состојба на гастрономската понуда во регионот. Христовски е мастер шеф со многу достигнувања во гастрономијата. Добитник е на 30 одличја за Макеоднија, кувар од прв ред на Хрватска, гастрономски витез на Полска . Раскажува дека неодмана не успеал да најде готвач од регионов кој би бил подготвен да патува на кулинарски натпревар во Крањ, Словенија. Тоа значи дека луѓето не ги почитуваат гастрономските правила...
Post Views: 1
Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името.
Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името ги поканил преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамнтиос Ваилкис на преговори во Њујорк на 8 и 9 април – а портпаролот на Нимиц соопшти дека преговорите почнуваат веднаш по завршувањето на изборите.
Од кабинетот на Нимиц информираат дека поканата била прифатена, а средбите ќе се одржат во седиштето на Обединетите нации во Њјорк, САД.
{loadposition...
Post Views: 2
Настрадаа новите автобуски постојки. Несовесни граѓани ги ишкртаа и ги испишаа со разноразни графити. Уште еднаш се покажа негрижата на охриѓани кон јавните добра.
Го детектиравме тоа уште пред еден месец. Граѓаните долго време чекаа да се постават современи автобуски постојки, а сега некој ги уништува. Ваквото вандалско однесување е за секаква критика. Апелираме до сторителите да не го уништуваат општинскиот имот, во спротивно, ќе следуваат санкции, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.
Најмногу на удар се постојките в долж Булевар...
Post Views: 8
Под ова мото денес претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски, ја претстави во јавноста својата изборна платформа. Цаноски вели, дека посебно сега кога се дел од коалицијата на СДСМ, на митинзите владее невидена еуфорија. Забележале двојно зголемување на членството во нивните редови и според тоа очекуваат максимална победа. Тој додава дека и во оваа изборна кампања се соочува со големи проблеми, притисоци и заканувања од одредени политички блока, но дека тоа не го плаши да оди со крената глава пред народот, кој на митинзите го дочекувал со раширени раце.
„Ние си ја знаеме...
Post Views: 2
Започна туристичката сезона, а со тоа започнаа и старите проблеми. Повторно колони од по неколку туристички автобуси деновиве можат да се забележат паркирани на коловознаите лент булеварот „Туристичка“. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Откога се направи кружниот тек во близина на Охридска банка, токму на овој потег се постави пешачкиот премин по кој пешаците минуваат на другата страна од улицата. Поради неправилно паркираните автобуси тие немаат прегледност и можат да...
Post Views: 4
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот.
Како што информираат од фестивалската дирекција, средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на здравствениот систем, како благодарност за се она што го прават медицинските лица при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, кој е формиран во 1949 година...
Post Views: 1
Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“.
ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт....
Post Views: 10
Мевљаим Арифи, жител на улицата „Стив Наумов“ денес по втор пат се одлучи да ја блокира оваа улица токму пред неговата семејна куќа. Вели дека блокадата ја прави бидејќи е револтиран од немилиот настан во кој за влакно не настрадала неговата внука, како што вели поради неажурноста на надлежните, односно поради несанираниот прекоп кој се наоѓа пред неговата куќа. Арифи раскажа како возачите кои со своите возила минуваат на оваа локација, во обид да ја избегнат дупката возат опасно блиску до портата од неговата куќа, па во еден таков случај во кој била инволвирана неговата...
Post Views: 2
Вчера се одиграа финалните натпревари од училишните игри без граници 2015/2016. Најуспешни беа учениците од ОУ Христо Узунов.
Во прекрасен амбиент во училишната спортска сала од ОУ Григор Прличев, во присуство на голем број учесници, посетители и гости, завршија овогодинешните игри без граници. Дваесет и четири екипи од пет основни училишта од Општина Охрид кој се пласираа во втората фаза на игрите, низ исклучително интересни едукативно- психофизички игри, се натпреваруваа во одлична тимска атмосфера, при што: третото место го освои екипата “ТС” од 5то 3...
Post Views: 2
Магазинот Fortune го цитира директорот на најголемата технолошка компанија дека планира да го донира своето богатство, кое се проценува на 785 милиони долари, во добротворни организации откако на својот 10 годишен внук ќе му обезбеди образование.
“Сакам да бидам камче во водата кое ќе направи бранови на промени”, изјавил Cock за тој магазин.
Fortune проценува дека нето вредноста на имотот на Cook, само врз основа на неговото портфолио на акции во Apple, е околу 120 милиони долари, а поседува и акции со кои сеуште не може да располага кои се вредни 665 милиони долари.
Оваа...
Post Views: 8
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид.
На 12-ти овој месец околу 19 часот, пријавените физички нападнале шумар-вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а потоа и припадник на шумската полиција. Настанот се случил кај месноста „Тројанско поле“ во атарот на селото Долно Лакочереј каде шумарот вршел контрола за противправна сеча на огревно дрво. Тој се обидел да запре патничко возило „Застава 101“...
Post Views: 3
Локалната со повик до хотелиерите, угостителите, сопствениците на сместувачки капацитети, кафетерии, туристички агенции за бесплатно презентирање на нивната туристичка понуда.
Нивната понуда, локалната ќе ја објави на информативните touch screen уреди кои се поставени на територијата на општина Охрид, а кои се вкупно шест на број. Сепак од вкупната бројка на вакви уреди, во моментот функционираат само четири, еден е во тек на сервисирање, додека еден, кој се наоѓа на влезот во градот, на булеварот „Туристичка“ е вон употреба и истиот ќе биде уклучен кога ќе се отвори...