• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната со повик до туристичките работници за бесплатна презентација на капацитетите

Локалната со повик до туристичките работници за бесплатна презентација на капацитетите

Оваа бесплатна презентација локалната ќе ја прави преку touch screen инфо пултовите поставени на неколку локации низ градов. Од вкупно шестте кои поставени низ градот, во моментот функционираат само четири.

 |  Мишел Наумоски  | 

Локалната со повик до хотелиерите, угостителите, сопствениците на сместувачки капацитети, кафетерии, туристички агенции за бесплатно презентирање на нивната туристичка понуда.

Нивната понуда, локалната ќе ја објави на информативните touch screen уреди кои се поставени на територијата на општина Охрид, а кои се вкупно шест на број. Сепак од вкупната бројка на вакви уреди, во моментот функционираат само четири, еден е во тек на сервисирање, додека еден, кој се наоѓа на влезот во градот, на булеварот „Туристичка“ е вон употреба и истиот ќе биде уклучен кога ќе се отвори информативниот центар планиран на таа локација. Субјектите кои сакаат да се рекламираат на овие засега четири функционални инфопултови треба за таа цел да испратат текст за својот објект или услуга и слика кои ќе се објават на веб страната www.ipult.info, а повикот важи и за објавување на сместувачките понуди на регистрираните станоиздавачи и хотели чии податоци ќе се објават и на веб страната www.ohrid-apartments.info за поголема нивна достапност и полесно пребарување од страна на туристите.

Touch screen инфопултовите пак за жал почесто се случува да имаат потреба од поправка. Од Секторот за туризам и локален економски развој во чија надлежност се истите, велат дека на инфо дисплеите редовно им се врши сервисирање и на софтверскиот и на хардверскиот дел од страна на задолжени лица од општинската администрација, но дека поради нивната осетливост, како и подложливоста на временските влијанија истите често се случува да се вон функција. Од секторот велат дека честа причина за нивно нефункционирање е и човечкиот фактор, односно несоодветното и понекогаш и вандалско однесување на одредени лица. Токму затоа од секторот и апелираат за нивно совесно користење. Инаку лицата кои веќе имаат свои податоци објавени на овие две веб страни, се повикуваат да ги ажурираат своите податоци доколку има било каква промена на истите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top