• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • На охридско- струшката ревиера има ексклузивни ресторани ама со лоша гастрономска понуда

На охридско- струшката ревиера има ексклузивни ресторани ама со лоша гастрономска понуда

На охридско- струшката ревиера има ексклузивни ресторани ама  со лоша гастрономска понуда .

 |  Валентина Неловска  | 
gastro

Гастрономијата во охридско-струшкиот регион не е на потребното ниво , вакава е оценката на Дејан Христовски еден од врвните македoнски готвачи за моменталната  состојба на гастрономската понуда во регионот.  Христовски е мастер шеф со многу достигнувања во гастрономијата. Добитник е на 30 одличја  за Макеоднија, кувар од прв ред на Хрватска, гастрономски витез на Полска . Раскажува дека неодмана не успеал да најде готвач од регионов  кој би бил подготвен   да патува на кулинарски натпревар во Крањ, Словенија. Тоа значи дека луѓето не ги почитуваат гастрономските правила и не ги пратат модерните трендови , а тоа е она што недостига, вели Христовски.

dejan„Без  да се налутат многу угостители и гастрономи не само во Охрид  туку и во Скопје, а и во другите градови во Македонија, ние сме на многу ниско ниво, затоа што има 20 пати повеќе угостителски објекти од што има народ да ги посети. Со тоа доаѓа израз непрофесионалноста на работата во гастрономијата. Треба да се организираат семинари и да се посвети многу внимание на оние луѓе кои вистински сакаат да работат во угостителските  објекти. Да име се дадат множности да научат и да ги почитуваат гастрономските правила“, подвлекува Христовски.
gotvarstvo
Неможе секој да биде готвач. Во оваа професија може да биде само оној кој навистина го сака тоа од дното на душата и живее за тоа, вели младиот успешен шеф. Додава дека работодавачите најмалку внимание обрнуваат на кујната. Постојат кај нас ресторани кои се навистина ексклузивни , но услугата и храната се на многу лошо ниво. На запад има правило во ресторан се оди заради некој готвач кој е познат по некој специјалитет, а кај нас тоа не постои. Христовски препорачува  работодвачите да се запрашаат дали луѓето одат во нивниот објект  заради нив затоа што отвориле ресторан или одат заради храната која ја подготвува нивниот готвач. На менијата ја има истата храна  само имињата се различни, вели Христовски.

„Секој ресторан треба да е познат по храната, а тоа го прави готвачот. Џабе ексклузивен ресторан кој вреди 600 000 евра , кога не може да се исполни барањето на гостите со храната. Луксуз е луксуз, но во рестораните луѓето доаѓаат да јадат и да уживаат во храната. Апел до сите правете ја храната луѓето да уживаат во неа, а не да се малтретираат додека јадат. Плаќаат за да уживаат , а ние од тоа живееме“, кажува Христовски.

Регионов има што да покаже , а тоа не се само приордните убавни. Тука се и традиционалните специјалитети во кои посетителите исто така треба да уживаат, напоменува Дејан Христовски.  Гастрономскиот шеф  посочува дека треба да се следи  примерот  на Грција, Турција, Бугарија каде што се  вложува не само во хотелите и рестораните туки и во обука на персоналот преку посета на  кулинарски семинари.   

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top