Post Views: 18
Истекува рокот за поднесување барање до Агенцијата за катастар на недвижности за трансформација на корисничкото право на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон.
Имено, со измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост од септември 2015 година, се воведе посебна постапка со која се овозможи на поранешните сопственици на градежно неизградено земјиште кои не поднеле барање за приватизација до истекот на крајниот рок за поднесување барања, односно до 15.12.2014 година, да можат да...
Post Views: 0
Регулаторната комисија за енергетика одлучи, од синоќа на полноќ, бензините да поевтинат за половина денар, а цената на дизелот не се менува. Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 0,5 денари и ќе изнсува 63,50 денари за литар, додека на „Еуросупер БС-98“ намалувањето е за еден денари и ќе изнесува 65 денари за литар.
Измени со одлука на регулаторна претрпеа и малопродажните цени на „еуродизелот (Д-Е В)“ и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). „Еуродизелот“ ќе се продава за 50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло...
Post Views: 1
Американскиот ланец на кафетерии Starbucks на своите вработени ќе им овозможи бесплатно образование на Универзитетот Аризона, давајќи им така прилика да се стекнат со диплома.
Ваква пракса Starbucks веќе спроведува кај некои свои вработени а сега таа прилика ја шират на поголем број лица кои работат во најголемиот ланец на кафетерии во светот.
Од компанијата соопштиле дека понудата е за 140.000 вработени или 75% од вкупниот број на вработени.
“Ваква програма првенствено е усмерена спрема нашите помлади вработени а посебно спрема оние кои немале финансиски можности само...
Post Views: 0
Земјите од регионот заеднички ќе делуваат во справувањето со компјутерскиот криминал благодарение на проектот iPROCEEDS кој ќе се спроведува во соработка Советот на Европа и Европската Унија. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, вели дека тие очекуваат соодветни бенефити од овој заеднички настап на земјите од регионот во превенирањето, но и во борбата против компјутерскиот криминал.
„Прекуграничниот аспект практично ни ја наметнува потребата од таков пристап во справувањето со овој вид на криминал и јас се надевам дека со отпочнувањето...
Post Views: 0
Елина Гаранча, прекрасната оперска дива од Латвија во придружба на Македонската опера и балет спектакуларно ќе го отвори годинешното 56то издание на фестивалот Охридско Лето. Традиционално од 12ти јули до 20ти август, охриѓани, гостите, туристите, сите посетители на сцените на Охридско Лето ќе можат да уживаат во уште еден спој на музика и драма кој остава без зборови. Интересот за следење на фестивалот огромен уште пред и да започне.
„Голем е бројот на оние кои веќе бараат резервација за свеченото отворање иако сеуште ја немаме откриено ѕвездата на вечерта. Тоа сепак...
Post Views: 1
Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена.Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени податоци со цел да се креираат натамошни набавки и да се следи потрошувачката на лекови по различни основи-пол, возраст и регион.Тој посочи дека сите законски регулативи поврзани со издавањето...
Post Views: 0
Дебарско-кичевската епархија, ги ивестува своите православни верници дека на 14-ти јуни вторник, во манастирот Св. Еразмо Охрид, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба po povod prazniкот посветен на „Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
15. јуни 2016 година (среда), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската...
Post Views: 4
Стихови кои се кажувале, се кажуваа и ќе се кажуваат. Едно од најголемите сведоштва дека македонскиот народ има богата и разновидна народна книжевност е Зборникот на народни умотворби, од надалеку прочуените македонски просветители, браќата Миладиновци. Денес се навршија 150 години од издавањето на Зборникот, кој како јубилеј за жал се одбележа скромно. Потомокот на браќата Миладиновци, Ристе Миладин, вели дека ова одбележување треба да биде на повисоко ниво бидејќи не се работи за излегување на една секојдневна книга, туку дека се работи за едно библиско и капитално...
Post Views: 1
На станарите од зградата на улицата „Лазо Трпоски“ бр. 55 кои живеат на петтиот кат, при секои пообилни врнежи од дожд им прокиснува. Оваа ситуација започнала во месец мај кога тројцата доверители ја отвориле едната страна од чатијата кадешто треба да се гради поткровјето.
Отворија горе на таванот бидејќи имаат клуч од вратата на чатијата и изградија баџа и ја оставија отворена. Ние ги замоливме што побрзо да ја затворат зошто беше најавено дека ќе има дожд, но тие не не сфатија сериозно. Ставија некои најлони кои ги издува ветрот, а вчера пак ставија ламарини. Сношти...
Post Views: 0
СВР Охрид спроведе акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, на вонреден технички преглед биле испратени 16 автобуси (Охрид 06, Струга 07, Кичево 02, Дебар 01), а кај 4 автобуси констатирани се технички неисправности на уредот за сопирање (Охрид 01, Струга 01, Кичево 1, Дебар 01). Против возачите и правните субјекти поднесени се соодветни платни налози –...
Post Views: 1
По втор пат ќе се чисти просторот кај Ресторан Европа (Полигон), оваа недела 19-ти јуни. Од „Чист Охрид“ со апел до надлежнотокомунално претпријатие и Град Охрид, да се постават корпи на ова место, како и апел до граѓанитена Охрид да не фрлаат ѓубре и да ја чуваат животната средина.
Збирно место за заинтересираните ќе е пред Ресторан Европа, во 12:00 часот.
Post Views: 24
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е млада француска харфистка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар.
Карлеан-Џонс се закитува со златен медал на четвртиот Менхетен натпревар за харфисти во 2019 година и настапува ширум светот од Карнеги Хол до салата на Виенскиот „Концертхаус“....