Спроведени контроли на автобуси и други возила за јавен превоз на патници

СВР Охрид спроведе акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници.

 |   | 

СВР Охрид спроведе акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. На 23.02.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски контроли на автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници.

Притоа, на вонреден технички преглед биле испратени 16 автобуси (Охрид 06, Струга 07, Кичево 02, Дебар 01), а кај 4 автобуси констатирани се технички неисправности на уредот за сопирање (Охрид 01, Струга 01, Кичево 1, Дебар 01). Против возачите и правните субјекти поднесени се соодветни платни налози – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top