Остана уште малку време за трансформација на земјиштето

Истекува рокот за поднесување барање до Агенцијата за катастар на недвижности за трансформација на корисничкото право на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон.

 |   | 

Истекува рокот за поднесување барање до Агенцијата за катастар на недвижности за трансформација на корисничкото право на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон.

Имено, со измените и дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост од септември 2015 година, се воведе посебна постапка со која се овозможи на поранешните сопственици на градежно неизградено земјиште кои не поднеле барање за приватизација до истекот на крајниот рок за поднесување барања, односно до 15.12.2014 година, да можат да поднесат до Агенцијата за катастар на недвижности пријава за промена на правото на користење на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон заклучно со 15.6.2016 година. Започнувајќи од септември 2015 година до денес, 1447 граѓани ја искористиле оваа можност и корисничкото право го трансформирале во право на сопственост во брза и ефикасна постапка.

Се повикуваат сите граѓани кои се корисници на градежно неизградено земјиште и кои не поднеле барање за приватизација до Управата за имотно-правни работи заклучно до 15.12.2014 година, да ја искористат оваа можност и да поднесат барање до Агенцијата за катастар на недвижности заклучно до 15.6.2016 година.

Од Агенцијата за катастар додаваат дека со оглед на тоа дека во изминатите девет месеци најголем проблем за граѓаните било обезбедувањето на доказ од општините дека не се води постапка за легализација на објектот на катастарската парцела која е градежно неизградено земјиште, а за кое се однесува пријавата, овој доказ ќе можат и дополнително да го достават.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top