Post Views: 7
Дел од концесионерите на плажи на охридскиот и струшкиот брег и ова сезона се без ангажирани спасители на вода. Законската обврска плажите да имаат организирани служби за безбедност на вода оваа сезона ја испочитувале само половина од плажите на охридскиот и 7 од 14 -те плажи на струшките капалишта.
„На охридското крајбрежје само 20 плажи имаат услови и се безбедни за капење. Тие имаат набљудувачници, обележан простор и одреден број на спасители на вода. 19 капалишта како што се Кадмо, Немо , Младински, Партизан и Извиднички се без безбедносни услови за капење...
Post Views: 12
Охридската итна медицинска помош се соочува со години со стари проблеми кои влијаат на брзината на интревенциите. Се попречува влезот и излезот на амбулантните возила во кругот на Маларична од паркирани автомобили на бесплатниот паркинг. Возачите кои го користат паркингот гледаат само да најдат место за да ги паркираат возилата, а при тоа не размислуваат дека ја попречуваат работата на медицинските екипи.
Овој паркинг го користат посебно туристите кои дознаа дека е бесплатен. Интервениравме неколку пати до сообраќајната полиција во изминатиов период, информира раководителката...
Post Views: 4
На 13 јули истекува последниот рок за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општината, на средина на месец јуни Локалната самоуправа објави конкурс за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР вели дека очекуваат добри идејни решенија кои ќе помогнат да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот препознатлив во промоцијата на Охрид.
„Тоа нема да биде официјален симбол на Охрид, за да се одбере официјален симбол на градот е процес во којшто треба да бидат вклучени многу...
Post Views: 0
Во основното училиште Григор Прличев во новата учебна 2016 /2017 година е запишан оптимален број на првоодделенци.Така годинава во прво одделение ќе стартуваат 112 ученици, додека во подрачното училиште има пријавено 18 првачиња, информира директорката на училиштето Силвија Мојсоска.
„Може да е и подобро. За нас во централното училиште оптимална бројка е 120 ученици. Се надеваме дека уште некое дете до почетокот на учебната година ќе се запише. Радува фактот што е стабилна бројката и не оди надолу. Во подрачното училиште во Рача за чудо бројот н аученици се наголемува....
Post Views: 1
Започнува новото издание на фолклорниот Фестивалот Разиграно оро. На сцената на Крушевска република вечерва почнува фестивалот на кое ќе настапат околу 500 играорци од повеќето Балкански земји и Полска.
„ Фестивалот започнува со дефиле низ охридските улици, до Крушевска република. Во текот на 4 и 5 јули ќе има презентација на фолклорното богатство на земјите учеснички“, кажува кореографот на Разиграно оро Георги Ставрески.
Фестивалот одбележува 1 деценија постоење,а низ годините настапиле со национален фолклор голем број играорци. Рекордна бројка на учесници имало...
Post Views: 136
Fast&Furiois 7 заработи 800 милиони долари и стана филм со најголема заработка во првите десет дена на прикажување во историјата на САД.На овој начин филмот ја премина границата на почетниот буџет кој изнесуваше 250 милиони долари. Сценариото го потпишува Chris Morgan, кој сега е познат по работата на трите продолженија на филмот Fast&Furios , додека во улога на режисер е James Wan, автор на популарниот серијал Saw.Поради смртта на Paul Walker, Chris Morgan мораше да ја смени приказната на филмот, во кој починатата ѕвезда се појавува оригинално во одредени...
Post Views: 0
Новоизградената пешачка патека на охридското крајбрежје во близина на Подмоље, денес ја посети Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски. Мисајловски истакна дека со реализација на еден капитален проект како овој, мештаните но и туристите ќе имаат место плус да се релаксираат, во еден современ амбиент, уреден по светски стандарди.
„Многу беше важно да направиме едно обележје за општина Дебрца, да го обележиме оној момент дека општина Дебрца излегува на Охридското Езеро и има свој дел на оваа ревиера и затоа...
Post Views: 0
Охридските дијабетичари нервозни и загрижени се жалат дека немаат доволно иснулински пенкала. Ова не е прв пат дијабетичарите да реагираат на недосток од инсулинска терапија. Сега укажуваат дека ги нема инсулинските пенкала со Левемир, Новомикс, Лантус. За да ги потврдиме овие тврдења се обративме и до претседателот на охридското здруженеи Димче Панџакоски. Тој кратко потврди дека нема доволни количини. За подетални информации не упати кај Благоја Димоски претседател на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите од Македонија. Димоски неколку дена по ред не одговара...
Post Views: 1
Неизвесноста во евро-зоната, зголемените ризици, а намалените очекувања за економско закрепнување условија внимателно менаџирање со девизните резерви.
Според НБРМ, парите се чуваат во земји со највисоки кредитни оценки од страна на меѓународните агенции што мерат рејтинг. На прво место се намоќните европски економии. Еве колку проценти од девизните резерви и каде се чуваат :
Германија, Франција и Холандија 58%Велика Британија и САД 13%
Кризата во Европа ги промени и плановите за чување на златото. Од почетокот на 2012 та година најголем дел од монетарното злато...
Post Views: 0
Светскиот тренд примена на велосипеди низ градските улиците добро е што е присутен во најголемиот туристички центар, Охрид. Но, дел од охридските советници на последната седница на Совет ги изнесоа своите забелешки дека велосипедските патеки во Охрид се без обележани насоки кои велосипедистите можат да ги користат. На патеките кои во моментов не се обележани, не можат да се снајдат ниту професионалците нити пак аматерите, вели Жаклина Лазареска, советничката на СДСМ.
„Може да настане голема незгода, да се сретнат велосипедисти од двете страни, значи многу е небезбедно...
Post Views: 5
Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга.
Ориенталните гастрономски специјалитети, отсега во Струга. На струшката ривиера, во непосредна близина на Хотел „Галеб“,неодамна отворен ресторанот „Фес“. Станува збор за гастрономска куќа во регионов единствена по својата понуда.
„Се издвојуваме од останатите со тоа што првенствено служиме ориентална кујна, турска храна со професионален кувар, кој е обучен за тие работи, и ја имаме најубавата платформа во Струга па и пошироко во овој струшко охридски...
Post Views: 1
По првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училчишта во Охрид останаа слободни места во сите училишта. Вообичаено најголем интерес има за гимназиското образование по што следуваат медицинското, економското училиште и за електро струката во областа компјутерска техника. Директорката на Средно општинско стручно училиште „Св Кирил и Методиј“, Славица Костоска информираше дека во економската струка останале 104 празни места, профил економски техничар за 4 паралелки и здравствена струка профил медицинска сестра слободни 15 места за формирање на една паралелка
„Учениците...