Пешачката патека во Подмоље ја посети Мисајловски

На охридската ривиера, во Подмоље, по стариот пат од Охрид за Струга, сигурно ја имате забележано новата патека со уреден паркинг простор, современо осветлување, пристапна рампа и клупи за одмор и рекреација. Денес овој локалитет го посети министерот за транспорт и врски и градоначалникот на општина Дебрца.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Новоизградената пешачка патека на охридското крајбрежје во близина на Подмоље, денес ја посети Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски. Мисајловски истакна дека со реализација на еден капитален проект како овој, мештаните но и туристите ќе имаат место плус да се релаксираат, во еден современ амбиент, уреден по светски стандарди.

„Многу беше важно да направиме едно обележје за општина Дебрца, да го обележиме оној момент дека општина Дебрца излегува на Охридското Езеро и има свој дел на оваа ревиера и затоа со една инвестивија направивме убаво катче за одмарање, за секој граѓанин што сака да помине релаксиран одмор на ова место. Од друга страна веќе разговараме да добие оваа патека и дополнителна содржина“ – вели Мисајловска.

Пешачката патека во Подмоље, општина Дебрца, ќе придонесе во развојот на туризмот, истакна Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца.

„Се држевме до препораките од животна средина за заштита на езерото и од УНЕСКО. Беа употребувани исклучително природни материјали и еве денес сме сведоци дека оваа пешачка патека ќе остане спомен за генерациите после нас и ќе допринесе за развојот на овој дел од Дебарца“ – изјави Трајкоски.

Инаку патеката е во должина од околу 120 метри и инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра. Министерството за транспорт и врски изгради пешачка патека и во Дојран, а идната година ќе се градат и во Охрид и Ресен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top