Ivanov

Иванов се сретна со младите лидери во Охрид

Post Views: 2 Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со лидерите на младинските организации на политичките партии. Ова е втора по ред средба од ваков карактер, со цел Иванов да ги слушне младите, како би се извлекла заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени предвремените парламентарни избори. Иницијативата за оваа средба потекна уште од првиот разговор во пресрет на изборите, кога Иванов ги повика младите лидери да го развиваат политичкиот дијалог како и да придонесат за спроведување на фер, демократски и мирни избори, без насилство и инциденти. Младите...

Continue reading

Летово на десет времени паркинг локации паркирањето ќе се врши без наплата

Post Views: 0   Летово во градов ќе има десет времени паркинг локации каде што паркирањето ќе се врши без наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули 2016 година. Слободни за паркирање се паркинг просторот пред Горна Порта од десната страна; Паркинг просторот од десната страна на ул„Караорман“, од ул.„Димитар Влахов“ до „Бул.Туристичка“ покрај Гимназијата и на Паркинг просторот кај амбуланта „Маларична“. Како бесплатен паркинг е определен и просторот од улицата „Јане Сандански“ наспроти „Комерцијална банка“ и Паркинг просторот...

Continue reading

Од денес забрана за движење низ шумите на Галичица

Post Views: 0 Поради зголемената опасност од пожари, од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид ја информираат јавноста за целосна забрана за движење низ шумските подрачја, од денес 3-ти август. Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, Јавната установа Национален парк Галичица ја информира јавноста...

Continue reading

Семафорите во Рача само декор

Post Views: 0   Семафорите на една од најопасните делници Охрид – Св Стефан, никако да проработат. Се почесто до нашата редакција стигнуваат забелешки на граѓани кои се интересираат која е причината поради која семафорите сеуште не се ставени во функција. Неодамна при посетата на градоначалникот Никола Бакрачески во Рача, го запрашавме дали тој како прв човек на градот има некакви сознанија, кога надлежните ќе реагираат. „Претпоставувам дека овие семафори заради слабата фрекфенција на возила, нагласувам дека ова е само претпоставка затоа што не сме ги провериле информациите какви...

Continue reading

Секое вино си има своја приказна

Post Views: 6 Виното се смета за најстар производ на човештвото. „Во виното е вистината“, “убавото вино не се гледа од етикетата“, „старото вино и старите пријатели се поскапи од се“, „Девојката се љуби додека е млада, а виното се пие дури и старо“, Бог ја создал водата, виното човекот“. Ова се само дел од многубројните изреки за виното, а синоќа во прекрасниот амбиент на Биљанини извори, имаше несекојдневна дегустација на вино. Секое вино си има своја приказна, вели Горан Станковиќ, генерален менаџер на корпорацијата „Вино Жупа“ од Александровац и „Повардарие“ од Неготино. „Ние може...

Continue reading

Во центарот на Струга попладнево избувна голем пожар

Post Views: 8 Во центарот на Струга, зад хотел Београд, попладнево избувна голем пожар . Огнената стихија која брзо се ширела зафатила пет куќи-лепенки. Според најновите информации кои ги добивме од командирот на ТО Струга Минир Мамуди во пожарот целосно изгореле три од објектите, а пожарникарите се борат да ги спасат целосно да не изгорат четвртата и петтата куќа. Според Мамуди нема повредени лица бидејќи трите куќи биле ненаселени, а оние кои живееле во четвртата и петтта лепенка навреме биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот со три возила  учествуваат и екипи од охридската Противпожарна...

Continue reading

Камерата на новиот iPhone носи “револуција” во мобилната фотографија

Post Views: 8 Паметните телефони за многумина се замена за класичните дигитални фотоапарати и фотографиите и видеозаписите ги прават со телефоните. Сепак, за оние кои малку посериозно се занимаваат со фотографија, квалитетот и можностите на камерата од телефон не се доволни и не можат да им конкурираат на DSLR фотоапаратите. Во Apple тоа ќе се обидат да го променат во иднина и можеме да очекуваме голем напредок на камерите кои оваа компанија ќе ги вградува во идните модели на iPhone. Имено, спрема информациите на TechCrunch, Apple вчера ја превзеде израелската компанија LinX за 20...

Continue reading

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“

Post Views: 3 Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето...

Continue reading

фе

Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 3  Со звуците на прекрасниот македонски фолклор изведуван од НА „Танец“ започна 55 издание на Балканскиот  фестивал.  Пред бројната публика  говореше претседателката на Советот на Охрид, Гордана Коњаноска која истакна дека од сцената на Долни Сарај се упатува универзална порака за хуманизам,а исто времено се презентира сопствениот идентитет, јазик и културно наследство. „ Пораките ќе бидат уште посилни затоа што се испраќаат од Охрид, светото место каде што со милениуми се напластувале цивилизациските човекови достигнување“, истакна во своето обраќање Гордана Коњаноска....

Continue reading

Ivana Colakovska

Чолаковска на „машина“ околу светот

Post Views: 0 Младата Македонка Ивана Чолаковска која живее во Скопје заедно со својот пријател од Шпанија Мануел Торес ќе тргне на пат околу светот со мотор од месец септември. За Македонката која со својот сопатник деновиве пристигна во Скопје од Севиља ова не е прво вакво искуство бидејќи таа со мотор досега ја поминала Индија. Таа во септември со партнерот своето патување ќе го почне од Македонија, па преку Грција, Турција, Иран, Индија, Непал и цела Југоисточна Азија ќе патуваат до Австралија од каде треба да стигнат до Јужна, Централна и Северна Америка. {loadposition conte...

Continue reading

езеро

Водата во Охридското езеро е со одличен квалитет

Post Views: 3 Охридското езеро има  квалитетна вода за капење, а и вода  за пиење од водоводната мрежа, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму напоменуваат дека редовно прават контроли на водата за пиење и на површинските води на  24 мерни места. Безбедноста на вода е одлична и капачите може да уживаат во езерските води, кажува д-р Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје. „ Морам да кажам дека водата е со извонреден квалитет со една напомена дека на влезот од Грашница кај Градска плажа квалитет на вода е од 3 категорија. Останатите води води се од 1 и 2...

Continue reading

krazba

Украдени над 30.000 евра во Мислешево

Post Views: 4 Викендов во струшкото село Мислешево непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот користејќи згодна прилика, незабележан влегол во куќата на В.М., при што одзел 20.000 евра, 8.000 долари, златен накит, со што причинил материјална штета  во вкупна вредност од околу 36.000 евра. Се преземаат мерки за откривање на сторителот. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top