Водата во Охридското езеро е со одличен квалитет

Водата во Охридското езеро е со одличен квалитет.

 |  Валентина Неловска  | 
езеро

Охридското езеро има  квалитетна вода за капење, а и вода  за пиење од водоводната мрежа, информираат од Центарот за јавно здравје. Од таму напоменуваат дека редовно прават контроли на водата за пиење и на површинските води на  24 мерни места. Безбедноста на вода е одлична и капачите може да уживаат во езерските води, кажува д-р Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје.

центар„ Морам да кажам дека водата е со извонреден квалитет со една напомена дека на влезот од Грашница кај Градска плажа квалитет на вода е од 3 категорија. Останатите води води се од 1 и 2 категорија. Тоа значи одговараат според нормите и Законот за квалитет на водата за употреба за капење  но не и за пиење. Охридското езеро има перфектна вода за капење и има препорачуваме на сите да го користат Охридското езеро и едно од ретките езера со висок квалитет за капење“, вели д-р Атанаско Михаилов.
   
Водата за пиење во  водоводната мрежа  е исто таксо добар квалитет и  е исправна бактериолошки и хемиски за пиење. Редовно се хлорира водата за пиење и одговара на сите стандарди кои се бараат според законот за контрола на водата за пиење. Останува предупредувањето за употреба на водата за пиење од Билјанини извори.

 „Водата секогаш има варијабилен квалитет затоа што зависи од дотокот на водата и мешањето на подводните води со изворот и предизвикува  да има бактериско загадување. Некогаш водата е хемиски и бактериолошки исправна,  но некогаш и не ја препорачуваме за пиење додека не се хлорира ,“вели Михаилов.

Од  Центарот за јавно здравје упатуваат препорака  за третирање на  водата за пиење во населените места. Онаму каде што нема хлорирање на водата таа мора претходно да се преварува па дури потоа да се употребува за пиење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top