Летово на десет времени паркинг локации паркирањето ќе се врши без наплата

На десет времени паркинг локации до крајот на август нема да се врши наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули. Целта на локалната е паркинзите во централното градско подрачје да се наменети претежно за туристите, а не за месното население. Настанаа измени и во линискиот превоз како не би се создавал сообраќаен метеж во летниот период.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Летово во градов ќе има десет времени паркинг локации каде што паркирањето ќе се врши без наплата. Ова е утврдено според одлуката за Летниот режим на сообраќај, која стапи на сила од 1-ви јули 2016 година. Слободни за паркирање се паркинг просторот пред Горна Порта од десната страна; Паркинг просторот од десната страна на ул„Караорман“, од ул.„Димитар Влахов“ до „Бул.Туристичка“ покрај Гимназијата и на Паркинг просторот кај амбуланта „Маларична“. Како бесплатен паркинг е определен и просторот од улицата „Јане Сандански“ наспроти „Комерцијална банка“ и Паркинг просторот пред ОУ„Братство и Единство“ на ул„7-ми Ноември“. Во стариот дел на градот бесплатно може да се користи новоизградениот паркинг кај месноста „Долни Сарај“; Паркинг просторот пред куќата „Уранија“; Паркинг просторот кај Антички театар и над Антички театар; Првиот паркинг простор на ул.„Илинденска“ и Паркинг просторот кај црква „Св.Варвара“ на ул.„Илинденска“.

Ваквата тенденција на локалната ќе продолжи се со цел паркинзите во централното градско подрачје да се наменети претежно за туристите со што ќе ја развиеме свеста кај охриѓани за развивање туризам, а и ЈП Билјанини извори ќе може да има финансиски бенефит, вели Љупчо Танески од секторот за комунален развој, сообраќај и улици.

Со новиот режим на сообраќај  има измени и во линискиот сообраќај. Автобускиот сообраќај се забранува на делот од „Бул. Туристичка“ до ул„Гоце Делчев“. На „Булевар Туристичка“ се забранува запирање и паркирање на секаков вид на автобуски, минибуски и комби превоз на патници, освен на учесниците во општинскиот
линиски превоз на патници согласно регистрираниот возен ред. На „Булевар Туристичка“ се забранува запирање и паркирање на товарни моторни возила
вклучувајќи и товарни комби возила кои се користат за дотур и дистрибуција на стоки, освен во временскиот интервал од 05:00 часот до 10:00 часот секој ден кога е дозволен дотурот и дистрибуцијата на стоките.

Планот на одделението за сообраќај е со ваквиот режим да се растерети сообраќајниот метеж во централното градско подрчје кој настанува поради поголемите моторни возила, особено поради автобусите кои доаѓаат со туристи, објаснува Танески.

Во централното градско подрачје дозволено е да се движат автобуси предводени од туристичка агенција со претходно добиена согласност од Општина Охрид, по Бул„Македонски Просветители“ од пресекот со ул.„Булевар Туристичка“ до кружниот тек и кои автобуси можат да се задржат краток временски период на кружниот тек дозволен за качување и слегување на патниците. Автобусите кои сообраќаат во централното градско подрачје можат да бидат паркирани на соодветно место, односно на полигонот за мали спортови, каде паркирањето ќе се врши со наплатување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top