Post Views: 3
Охридскиот општински инспекторат направил околу 900 контроли од почетокот на 2016 година, заклучно со 30 јуни. Обидувајќи се да направиме пресек на извршени контроли од страна на општинскиот инспекторат за време на летната туристичка сезона, а кои се однесуваат на урбаната опрема, плажите и угостителските објекти во градов, од Локалната самоуправа на Охрид добивме полугодишни извештаи за пооделни одделенија на инспекторатот.
„Ако го разгледаме табеларниот преглед по месеци ќе видиме точно колку се, меѓутоа јас ви ја кажав вкупната сума. Но она што е значајно да се каже...
Post Views: 5
Според податоците на Светската здравствена организација, приближно 500 милиони луѓе се заразени со хепатитис ц или хепатитис б, оваа бројка е за околу 15 пати поголема од бројот на заразени со ХИВ/СИДА.
„Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска....
Post Views: 0
Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности вклучуваат...
Post Views: 10
Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека се прават анализи за зголемување на пензиите. Тој најави и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.
Ковачевски информираше дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.
Пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови – изјави Ковачевски.
Пред неколку денови опозициската...
Post Views: 1
19 уметнички дела масло на платно лирска апстракција ќе бидат вечерва изложени во Куќата на Робевци дело на сликарката Марија Мешкоска. Сликите ги хармонизираат со семантички пристап музичките и ликовните сензации. Насловот на првата самостојна изложба на Мешкова е Симфониска имагимација со богат колорит од кои зрачи живот.
„Темата Симфонсикса имагинација не е избрана случајно. Тоа беше составен дел од мојот живот . Музиката во одреден дел од мојот живот заземаше главно место,а понатака морав да одберам меѓу ликовната и музичката уметност. Кога се одлучив за ликовнатат...
Post Views: 11
Апел од Општина Дебрца за заштита од пожари.
„Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип. Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.
Одлуката...
Post Views: 0
Сообраќајните полицијци од СВР Охрид на патниот правец Охрид Скопје кај Подмоље на возачите им делеа флаери со препораки за внимателно возење. Возачите најчесто на овој патен правец возеле повеќе од дозволеното и се преценувале можностите на возилото и возачот. Учесниците во сообраќајот ја поздравија ваквата акција и веруваат дека ќе има ефект.
Проектот „Вози одговорно животот е во твои раце“ го спороведе општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот во соработка со СВР Охрид. Целта на ваквото предупредување на возачите е да се намалат сообраќајните несреќи, посочува...
Post Views: 2
Јулските исплати за социјална и постојана парична помош зголемени за 5%. Тоа ќе го почуствуваат вкупно 445 корисници на социјална и 147 на постојана помош. Наташа Христовска од Центарот за социјални работи Охрид, вели дека оваа промена е согласно новите измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. Додаде дека новите измени на законот се однесуваат и во делот на субвенцијата за потрошена електрична енергија.
„Зголемување ќе има и кај субвенцијата за потрошена електрична енергија, односно сите корисници на социјална и постојана парична помош кои што поднесле барање...
Post Views: 0
Откако минатиот месец HTC и Samsung ги претставија новите модели на своите најпопуларни серии (One и GalaxyS), дојде ред на Sony кој денес во Јапонија го најави наследникот на популарниот Xperia Z3. Новиот модел не носи некои револуционерни новитети, но затоа е потенок и полесен а доаѓа со посилен хардвер кој би требало да ги задоволи сите љубители на оваа компанија.
Дијагоналата на екранот на Xperia Z4 изнесува 5,2 инчи, со Full HD резолуција (1920х1080 пиксели), а хардверот е составен од 64-битен Snapdragon 810 процесор и има 3 GB RAM. Меморијата изнесува 32 GB, а...
Post Views: 2
Се е подготвено за почетокот на фестивалот Охрид колинг. Локалната самоуправа заедно со продукцијата Авалон го организираат овој фестивал кој започнува од 1ви август и ќе трае до 14 август. Во овие 14 дена гостите и охриѓани имаат можност да бидат дел од три музички настани на светски познати музичари. На 1ви август настапуваат познатите холандски и белгиски ди џеи Ники Ромеро и Лос Фреквенси, на 13ти август на антички театар настапува познатиот гитарист Ал Ди Меола и на 14ти август музичката атракција Продиџи кои ќе одржат концерт на СРЦ „Билјанини извори“. Градоначалникот...
Post Views: 9
Прв пат на Охридско лето настапува букурешкиот театар „И.Л. Карагиале“. Претставувајќи ги младите актери, селекторот на драмската програма, Ѓорѓи Јолевски, изјави дека овој проект на публиката ќе ѝ понуди неповторливо доживување и ќе внесе свежина во драмскиот дел на фестивалот. Додаде дека, претставите на младите театарски уметници носат новина и уметнички визии што поретко може да се видат во класичните изведби, така што полетноста и креативноста се главниот сегмент на програмата „Младо театарско охридско лето.
„Арт оркестра“ на познатиот режисер од Романија Хорија...
Post Views: 8
Бел мантил ќе може да носи само лекар, медицинска сестра ќе носи светлосин, болничарот – светлосив, а техничкиот персонал ќе биде облечен во црвен или бордо комбинезон.
Ова е регулирано во новиот протокол за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – болничка култура, кој вчера го промовира министерот за здравство Никола Тодоров.
Ова се прави за да се смени перцепцијата на несреденост во работењето на медицинскиот персонал во здравствените установи во државата, а ако некој се пожали на однесувањето на здравствените...