„Симфониска имагинација“ прва самостојна изложба на сликарката Марија Мешкоска

  „Симфониска имагинација“ прва самостојна изложба на сликарката Марија Мешкоска.

 |  Валентина Неловска  | 

19 уметнички дела масло на платно лирска апстракција ќе бидат вечерва изложени во Куќата на Робевци дело на сликарката Марија Мешкоска. Сликите ги  хармонизираат со семантички пристап музичките и ликовните сензации. Насловот на првата самостојна изложба на Мешкова  е Симфониска имагимација со богат колорит од кои зрачи живот.

„Темата Симфонсикса имагинација не е избрана случајно. Тоа беше составен дел од мојот живот . Музиката во одреден дел од мојот живот заземаше главно место,а  понатака морав да одберам меѓу ликовната и музичката уметност. Кога се одлучив за ликовнатат ументост сакав да пронајдам спој меѓу нив. И додека ја изучував ликовната форма и боја имав познавање и од музиката и сфатив дека овие две уметности имаат огрома поврзаност“, вели Мешкоска.  

Марија Мешкова е дипломирана акдемска сликарка во класата на професор Благој  Маневски. Магистерските студии ги продолжува во Болоња каде што избрала да ги  проучува конзервацијата и реставрацијата.

„Тоа е поврзана со самото сликарство во поглед на техниката и технологијата на метеријали да се зачувани во иднина, а е потребно еден сликар да ј а познава таа технологија “, кажува младата сликарка.

Идните планови на сликарката Мешкоска се да ј а истражува Симфониската имагинација уште повеќе во неисцрпната ризница на мисли  и чувста.

Изложбата на сликарката Марија Мешкоска е во рамките на Фестивалот Охридско лето во Куќата на Робевци, а поставката ќе трае 10 дена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top