Чавков: Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна

Post Views: 0   „Менаџмент и преговори во кризни ситуации“ е темата на дводневната меѓународна конференција која се одржува во Охрид. Со цел да се размeнат искуства на меѓународно и регионално ниво, како и да се направи спој меѓу теоријата и практиката, во специјализираната проблематика на полициското работење, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, посочи дел од најголемите закани по безбедноста. „Сложени закани предизвикани од променливи форми на насилен екстремизам, тероризам, исламски фундаментализам на прашања поврзани со странски борци и се разбира на состојби...

Continue reading

Во Охрид од почетокот на годината до август решени над седумдесет претставки од купувачи

Post Views: 10 Неквалитетни мобилни телефони и бела техника и понатака се најчесто пријавувани од купувачите како неисправни. Во помал број купувачите пријавуваат и неквалитетен мебел, чевли и облека. Во изминатите три месеци во ОПМ купувачите барале совет и  за заштита на нивните потрошувачки права прекршени не само од техичка стока , мобилни апарати лаптопи, туку и од  туристичките агенции,  хемиско чистење,кабелски телевизии,  различни услуги од снабдување со струја, вода..  Од ОПМ според кварталните податоци со кои располгаат за изминатите три месеци април – јуни на ниво на Охрид ...

Continue reading

Драматичен викенд за најголемиот производител на автомобили

Post Views: 2 Драматичниот викенд во Волксваген ја означи оставката на претседателот на компанијата Ferdinand Piech со што заврши една ера за компанијата. Иако кон крајот на неделата во германските медиуми Piech тврдеше дека има помирување со извршниот директор Martin Winterkorn и дека постигнал договор за понатамошна соработка, за време на викендот до Надзорниот одбор дошле информации дека Piech со шефот на Порше, Matthias Muller договорил тој да го превземе лидерското место на Волксваген. Членовите на Надзорниот одбор од редовите на синдикатот и покраината Долна Саска каде е седиштето...

Continue reading

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп затворен за сообраќај

Post Views: 0 Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола- Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Им се соопштува на граѓаните од Охрид кои патуваат кон Битола, дека сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, веат од Авто Мото Сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите останати патишта се одвива без забрани по суви коловози.

Continue reading

Оваа недела треба да завршат градежните работи на централниот објект на градинката „Јасна Ристеска“.

Post Views: 3 Се наѕира крајот на градежните работи во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска. Уште во текот на летото започна реновирањето на овој објект кој е стар повеќе од педесет години. Беа направени крупни зафати како промена на кровот, уредување на санитарните чворови, средување на занималните и холот. Директорката Розе Костоска заедно со целиот тим настојуваа работите да се завршат до почетокот на новата учебна година, но поради повеќе причини работата се пролонгира. Уште на самиот старт очекувавме дека ќе ни е потребно повеќе време за да ги уредиме работите бидејќи...

Continue reading

spark

Македонската полиција ќе вози и „Шевролет спарк“

Post Views: 1 На електронската аукција во МВР, најниска цена понуди Авто Македонија, со што го доби тендерот за набавка на 100 нови возила за полицијата. За време на аукцијата, од Авто Македонија ја снижија претходно понудената цена до 45.350.800 денари. На оваа цена не успеаја да и парираат тројцата останати понудувачи, Автонова со „Цитроен Ц1Х“, Еуроимпекс со „Пежо 107“ и Порше Македонија со „Шкода Сити Гоу“.Понудите се движат од 46.906.700 денари до 65.800.000 денари, а во цената, е внесена влегуваат освен возилото, и четири резервни гуми, уред за звучна и светлосна сигнализација,...

Continue reading

Исламските верници од денес го прославуваат Курбан-бајрам

Post Views: 1 Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честита празникот велејќи дека градот Охрид отсекогаш бил специфичен, посебен и уникатен поради почитувањето на традицијата и празниците, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува низ вековите живеејќи сите заедно на...

Continue reading

misleshevo

Уште една година по дупки, прашина и кал за жителите на Мислешево

Post Views: 2 Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува. „Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи...

Continue reading

Се поголем е интересот за упис на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле

Post Views: 0 На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле на свечен начин им беа врачени дипломите на 73 завршени академци. Информатичарите од овој универзитет се задоволни од  стекнатото образование и  диплома на факултетот за информатички науки и технологии, а поголемиот дел од нив понатамошното професионално  реализирање го гледаат во земјава. Меѓу дипломираните студенти кои се стекнале со диплома на овој Универзитет е и информатичарот од факултетот за машинска интелигенција и роботика, Александар Лазаревски. „Јас работам во информатичка фирма и е добро....

Continue reading

Расте интересот за трета доза вакцина во струшко

Post Views: 2 Расте интересот за трета доза вакцина против корона вирусот во струшко. Од втората половина на октомври над 550 лица примиле трета – бустер доза. Најголем инетрес има кај повозрасната популација, но и кај лица со хронични заболувања и здравствствени работници. Досега во Струга со прва доза имунизирани се над 15 000 граѓани, а со две дози 12 000 стружани. Оваа недела гледаме дека се зголемува интересот е сега тоа зависи и од тоа кога се примиле прва доза кинеските по три месеци со фајзер после шест мегутоа факт е дека расте бројот. А со прва доза? И тука гледаме...

Continue reading

Во охридскиот центар за социјални работи во тек е оглас за вработување на деца без родители

Post Views: 13 За невработените лица  кои имаат статус на  деца без родители и без родителска грижа сместени во установи, згрижувачки семејства или кои биле под старателски надзор, тече оглас за вработување. На овие лица, со посредство на охридскиот Центар за социјални работи им се овозможува помош за да им се олесни животот. На нив, покрај вработувањето, им се помага и за добивање на социјален стан  и финансиска поддршка во текот на школувањето и студирањето. Од први септември веќе тече огласот за вработување на овие лица, информира  Гордана Атанасовска од Центарот за социјални работи. „Ги...

Continue reading

Тепачка во населба Воска

Post Views: 0 Физичка пресметка помеѓу повеќе лица од Охрид, синоќа на улицата Бистрица во населба Воска. На 04.08.2021 година во 15.35 часот на улицата „Бистрица” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ш.(22), А.Ш.(20), Л.Ш.(51) од една и Д.Ф.(32) и Ј.М.(39), сите од Охрид, од друга страна. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава –информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top