Расте интересот за трета доза вакцина во струшко

Се зголемува интересот за трета доза вакцина во струшко. После период на стагнација повторно има интерес и за прва доза вакцина. Досега со прва доза во Струга имунизирани се над 15 000, а со две дози 12 000 граѓани.

 |   | 

Расте интересот за трета доза вакцина против корона вирусот во струшко. Од втората половина на октомври над 550 лица примиле трета – бустер доза. Најголем инетрес има кај повозрасната популација, но и кај лица со хронични заболувања и здравствствени работници.

Досега во Струга со прва доза имунизирани се над 15 000 граѓани, а со две дози 12 000 стружани.

Оваа недела гледаме дека се зголемува интересот е сега тоа зависи и од тоа кога се примиле прва доза кинеските по три месеци со фајзер после шест мегутоа факт е дека расте бројот. А со прва доза? И тука гледаме некој пораст – вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.

За вакцинација најголем интерес има од повозрасната популација, а најмал кај децата од 12 до 18 години. Здравствените работници апелираат на што помасовна имунизација и поголема заштита.

Има и млади е сега онаа категорија од 12 до 18 години не е тоа тоа, но од 18-19 години младите да има такви. Апелот е едноставен и реален масовна вакцинација, што повеќе да се вакцинираат. Да се обрати внимание на слави, визити помалку контакти – додава Ложанкоски.

Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна, само 4 лица се хоспитализирани од кои три се на кислородна поддршка, а најмладиот има 46 години.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top