Post Views: 4
Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.
Наградите и признанијата за Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и Спортист/ка во категоријата...
Post Views: 2
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на подрачјето на Охрид и Дебрца нема застој на речните корита и канали од дождот кој врне вчера и денес. Прашавме дали постојат критични точки на некои речни канали и дали се исчистени сите досега лоцирани проблематични места. Од ЦУК напоменуваат дека сето тоа е во надележност на Лoкалната самоуправа.
„Со досега направените проценки овие слаби места и точки се детектирани и останува Јавните претпријатија на Локалната самоуправа да ги рсчисти за да има поголем протек и да има безбедна зимска и рано пролетна сезона“...
Post Views: 0
На 7-ми август 2021 година, во 01:50 часот, во СВР Охрид бил приведен 24-годишниот П.Ф. од охридското село Пештани.
Истиот, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Кичевчанецот Илија Магденоски, кои живее и твори во Охрид, подготви вистинско изненадување за сите љубители на пишаниот збор. Утре во Скопје ќе биде промовиран неговиот прв роман , делото „Пустинската змија од Гиза“. Магденоски, дванаесет години поминал на работа во дипломатско-конзуларни претставништва на СФРЈ во Сиднеј, 6 години во Мелбурн и 4 години во Амбасадата на Република Македонија во Словенија, како и во Амбасадата во Ватикан. Пред враќањето во Република Македонија од Австралија, два месеца престојува во Сингапур и во Малезија. Оваа книга, Илија одамна ја напишал...
Post Views: 0
Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода.
„Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката револуција....
Post Views: 2
Германската компанија ReeVOLT почна со производство на електрична верзија на Трабант, малиот автомобил со двотактен мотор кој беше еден од симболите на поранешната Источна Германија.По преуредувањето, електричниот Трабант има иста високотехнолошка емисија како моделот на BMW i3. Како што наведува Bloomberg, цената на електричниот Трабант изнесува околу 15.000 евра, а возилото има домет од 130 километри со едно полнење на батериите. Најголемата брзина која може да ја достигне е 110 km/h, наведува компанијата која веќе ги испорачала првите возила за туристички возења.
{loadposition...
Post Views: 4
Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од позицијата...
Post Views: 2
Стефани Донеска, ученичка во 9-то одделение во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ќе го претставува градот на Републичкиот (државен) натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 29-ти октомври во Велес.
Таа ја освои првата награда на општинскиот натпревар, покажувајќи најсолидно знаење од областа на библиотекарството. Во библиотеката денес им беа доделени наградите на најдобрите ученици на овој натпревар.
Минатата недела Националната Установа – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го организираше општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.
Post Views: 1
Шеснаесет лица од 17 лица кои вчера беа приведени при полициската акција „Шпион“ раноутрово се изведени пред истражен судија во Кривичниот суд во Скопје.
Приведените во големата полициска операција се товарат за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама. Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, членовите на групата преку свои канали доаѓале до класифицирани држани информации и истите ги предавале на странски разувначки служби. Борис Дамовски, режисер на емисијата „Еднооки“ доцна синоќа е пуштен на слобода по распитот во полициска станица.
Меѓу...
Post Views: 0
Охрид го одбележа 11 -ти Октомври и 75 годишнината од почетокот на македонското народно востание. Во големата сала на општината се одржа свечена академија на која беа присутни голем број граѓани , членови на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, и претставници на локалната самоуправа. Со почит се сеќаваме на сите борци и херои, синови и ќерки на нашата татковина кои учествуваа во борбата за слободна и независна Македонија, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Благодарение на нивната пожртвуваност во НОБ и антифашистичката револуција денес ја живееме слободата...
Post Views: 8
Спомен плочите на лауреатите од струшкиот парк на поезијата, мета на вандалистите. Засега непознат сторител или сторители украле вкупно 27 месингани плочи. Оваа појава во Струга евидентна е веќе подолго време. Тоа не се случува само на плочите од лауреатите, туку и врз неколку бисти на паднатите борци од НОБ, заслужни граѓани на Струга. Очигледно поради замижување на релевантните фактори пред ваквите дела, сторителите имаат одврзани раце да посегнат по криминал од ваков вид. Стружани во неколку наврати укажуваат на тоа и го осудуваат овој вандалски чин.– Тоа само...
Post Views: 1
Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, Ве покануваат на отворањето на “Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”.
Свечено отворање на фестивалот е во САБОТА 15.10.2016 година со филмот „Мед во главата“-трагикомедија од Тил Швајгер со почеток во 20,00 часот, потоа следат:-За една девојка -комедија – драма / 16.10.2016 / 20.00 ч-Државата против Фриц Бауер – драма / 17.10.2016 / 20.00 ч-Куќата на крокодилите – детски филм 18.10.2016 / 11.00 ч-Хердер-помеѓу...