„Пустинската змија од Гиза“, роман за хероите кога се обични луѓе

Приказна за обичните луѓе, приказна за родителската љубов и посветеноста, се само некои од темите проткаени во првиот роман на Илија Магденоски, „Пустинската змија од Гиза“.

 |   | 

Кичевчанецот Илија Магденоски, кои живее и твори во Охрид, подготви вистинско изненадување за сите љубители на пишаниот збор. Утре во Скопје ќе биде промовиран неговиот прв роман , делото „Пустинската змија од Гиза“. Магденоски, дванаесет години поминал на работа во дипломатско-конзуларни претставништва на СФРЈ во Сиднеј, 6 години во Мелбурн и 4 години во Амбасадата на Република Македонија во Словенија, како и во Амбасадата во Ватикан. Пред враќањето во Република Македонија од Австралија, два месеца престојува во Сингапур и во Малезија. Оваа книга, Илија одамна ја напишал и тоа во еден од најтешките периоди од неговиот живот.

„Догло време ја убедував ќерката да погледне што сум напишал, патем таа чита по една книга неделно, го прочита и беше пријатно изненадена па инсистираше да го издадеме романот“ вели Магденоски.

Магденоски објаснува дека во ова негово дело вистинскиот херој е обичниот човек, малиот голем херој, кој постои во сите нас, а од кој зависи тоа каква утрешнина нè чека. Болката и страдањата на луѓето секаде се исти, без оглед на тоа каде се наоѓаат, во Македонија, на Балканот, на Блискиот Исток, во Америка. Кога децата и родителите ќе се разделат, нивната средба по 30 години е посебно доживување. Кога таткото изгубил сè и кога ќе се сретне со својата ќерка, не сака да се раздели повторно, се жртвува за своето дете, кое, пак, животот го посветило на борбата против злото, раскажува Магденоски.

„Едно наше семејство се разведува и девојчето сотанува со мајката , таткото останува со синот, после 30 години се среќаваат таткото и ќерката не сакаат да се разделат и учествуваат во работи и акции за да го спасат човештвото од некои зла и закани“ раскажува Магденоски.

Издавачката куќа „Антолог“ е издавач на романот „Пустинската змија од Гиза“ на Магденоски. Делото ќе биде промовирано в среда во кафулето „Децата од нашата улица“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Промотор на делото ќе биде Душко Крстевски, поет и литературен критичар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top