Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески даде отчет за досега сработените проекти во општина Охрид за време на неговиот мандат. До сега успеавме да инвестираме над 179 милиони денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и дополнително уште пет кружни токови. Изградивме нови линии за атмосферска и фекална канализација во должина од 12 570 метри во вредност од над 89 милиони денари, а поставени се водоводни линии во должина од 8 000 метри со вкупен ...
Post Views: 13
Жените од Струга и Поградец подготвени за соработка во претприемништвото. 17 жени претприемачи од Струга го почуствуваа бизнис пулсот на Поградец, а денес пак, беше остварена возвратна посета. Глигор Михајловски од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), истакна дека целта на пограничниот проект за соработка, е да се презентираат досегашните резултати од спроведување на проектот, негова промоција, како и можноста да се зголеми трговската соработка меѓу жените претприемачи.Импресиите на првиот човек од Партнерство Албанија Ариола Голи, во поглед на организација...
Post Views: 0
Лицата со оштетен вид или оние кои целосно го изгубиле видот многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов како и во здравствените установи. Доколку со нив немаат некое лице да ги придружува тие не можат да ја завршат својата работа. Во решавањето на овие нивни секојдневни проблеми им излегува во пресрет Здружението на слепи лица од Охрид. На младите лица најмногу им помага околу образованието и вработувањето, а на повозрасните им помага околу ориентација во просторот, да ја научат брајовата азбука, околу остварување на некои бенефиции, да набават некои помагала,...
Post Views: 3
На 24.02.2022 година околу 08 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во патнички автомобил „Мерцедес” на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, сопственост на М.Д.(36) од Охрид во кој нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
5 дена мештаните на Свињишта немаат ни капка вода. Овој проблем е сериозен, велат жителите на ова село, кои потенцираа дека проблемот со водата и слабиот притисок го имаат во текот на цела година. Како точно стојат работите околу оваа проблематика не запозна претседателот на М.З. Цане Јованоски.
„Претежно оваа година и зимоска немаше вода, ајде да кажеме летно време повеќе се троши, дали има проблем со цевките дали некаде се затнати не знаеме што е работава.Тие цевки што ги ставија во подножјето, тие ставија стари цевки, тие уште тогаш беа рѓосани, тие беа употребувани...
Post Views: 2
Добар е процентот на наплата за услугите од ЈП „Колекторски систем“. Од почетокот на оваа година корисниците кои имаа добиено сметки за потрошена количина вода добиваат сметки и од ЈП „Колекторски систем“. За услугата одведување и пречистување на отпадни води плаќаат редовните корисници на домаќинствата од Охрид и Струга, а додека сопствениците на викенд станови добиваат сметки само ако имаат потрошено вода, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“.
Засега сме задоволни со наплатата за услугата за одведување и пречистување на отпадните води...
Post Views: 0
Жителите на Требеништа ноќта ја поминаа без струја. Утринава како што тврдат мештаните биле испопаднати неколку дрва и гранки, а исто така и електрични столбови. Причина за тоа е силниот ветер кој што синоќа го зафати охридскиот регион, вели Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН. Тој дополнува дека прекини во снабдувањето со струја имало и во Горенци односно индустриските објекти во негова близина, мал дел од село Лабуништа и Дрмени, но проблемот бил решен, екипите успеале да ги отстранат дефектите.
„Останува уште да се пушти електрична енергија за дел од корисниците...
Post Views: 0
Денес радилозите го слават својот празник. Речиси и да не постои гранка во медицината која не ги користи радиолошките методи за утврдување на дијагноза. Радиологијата е гранка на медицината која пред се се занимава со дијагностика, односно со откривање на болестите и повредите. Во Општата болница во Охрид, службата за радилогија постои од самото формирање на оваа здравствена установа, односно повеќе од 50 години. На пациентите, со развојот на технологијата, денес, покрај класичното рендген снимање, достапна им е компјутерската томографија или скенер, како и мамографот,...
Post Views: 0
Автомобилот во потполност ќе се произведува во Индија, ќе се продава по цена помеѓу 4.200 и 5.600 евра и ќе биде наменет за странски пазари, а францускиот производител својот нов автомобил ќе го нарекува “Kwid”.
“Kwid” ќе се произведува на нова заедничка платформа на Рено и неговиот јапонски партнер Нисан, што ќе овозможи механички и естетски варијации спрема потребите на клиентите во различни земји.
Во Индија, Рено и Нисан очекуваат дека, благодарение на новиот модел, ќе го достигнат пазарниот удел од по 5%.
Рено, кој моментално учествува со само 1,5% од пазарот на...
Post Views: 2
Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад, а собирот беше збогатен со музичка програма.Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден.
Ова е веќе...
Post Views: 1
Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната помош од страна на вработените во ЈП „Комуналец“ –Охрид. Дениците сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да му додадат...
Post Views: 2
Православните христијани денес го прославуваат денот на светите маченички Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија.
Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно...