Радиологијата, очите на медицината

Радиолозите велат дека радиологијата претставува очите на медицината.

 |   | 

Денес радилозите го слават својот празник. Речиси и да не постои гранка во медицината која не ги користи радиолошките методи за утврдување на дијагноза. Радиологијата е гранка на медицината која пред се се занимава со дијагностика, односно со откривање на болестите и повредите. Во Општата болница во Охрид, службата за радилогија постои од самото формирање на оваа здравствена установа, односно повеќе од 50 години. На пациентите, со развојот на технологијата, денес, покрај класичното рендген снимање, достапна им е компјутерската томографија или скенер, како и мамографот, вели Д-р Софка Маленко.

„Ние можеме да кажеме дека сме едни од водечките во нашата област, во нашата дијагностичка област во техниката бидејќи располагаме со софистициран 16 слајсен компјутерски томограф кој многу помага во благовремено дијагностицирање на болеста и за нејзин третман. Со помош на радиолошките техники се настојува преку визуелизација на човечкото тело и на неговите делови да се открие постоење на патолошки промени , кои подоцна навремено би се лекувале“, Д-р Софка Маленко – радиолог „Општа болница Охрид“.

Покрај доктор Маленко, во општата болница, на пациентите на располагање им стои уште еден доктор радиолог, како и неколку радиолошки и рендген техничари. Зоран Паункоски е еден од техничарите кој има најдолг стаж во оваа служба. Дваесет и осум години Паункоски е рендген техничар. Вели дека станува збор за многу одговорна и стресна професија.

„Радиологијата се очите на медицината. 80% од дијагностиката се донесува преку рендгенот, компјутерот и мамографијата кои ги имаме тука. Најчесто дијагнози се донесуваат кои не може да се откријат преку ехо или преку лабораторија кои се дијагностички методи. Во 28 години ќе видиш се и сешто“ Зоран Паункоски – рендген техничар – Ошта болница Охрид.

Примената на рендгенологијата во терапијата пак, е ограничена во лечењето на малигните заболувања, но и при третман на васкуларните и другите пореметувања како што е случај со инвазивната радиологија. 8-ми ноември се одбележува како светски ден на рендгенолозите бидејќи на овој ден 1895 германскиот физичар Вилхелм Конрад Рендген ги открил рендгенските или х зраците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top