Без вода жителите на Свињишта

Жителите на Свињишта деновиве останаа без вода. Но, проблемот е децениски, велат мештаните. Цевките кои биле поставени пред триесеттина години и своевремено при нивното монтирање биле стари и рѓосани. Признаваат дека проблемот не можат да го решат сами и бараат решение од надлежните служби на градската или централната власт.

 |  Николоска Биљана  | 

 

5 дена мештаните на Свињишта немаат ни капка вода. Овој проблем е сериозен, велат жителите на ова село, кои потенцираа дека проблемот со водата и слабиот притисок го имаат во текот на цела година. Како точно стојат работите околу оваа проблематика не запозна претседателот на М.З. Цане Јованоски.

„Претежно оваа година и зимоска немаше вода, ајде да кажеме летно време повеќе се троши, дали има проблем со цевките дали некаде се затнати не знаеме што е работава.Тие цевки што ги ставија во подножјето, тие ставија стари цевки, тие уште тогаш беа рѓосани, тие беа употребувани не беа нови“.

Јованоски појаснува дека во Свињишта има самостоен водовод за кој треба сами да се грижат. Но според него мора некој да застане да го реши проблемот, дали општината дали државата, бидејќи сами ништо не можеле да направат. Дополнува дека за водоводот не се грижи некоја фирма и бил оставен сам на себе.

„Нема никакви средства, почнавме нешто по малку да собираме но не можи луѓето не дават пари велат немаме вода што да даваме“.

Само со поставување на нови цевки може да се надмине проблемот, смета Јованоски. Тој очекува дека надлежните ќе имаат слух за нивниот проблем бидејќи Свињишта има 150 населени куќи со постојани жители и оние кои доаѓаат за викендите во својот роден дом.
За ова прашање телевизија ТВМ се обрати до МЈП „Проаква“. Од таму велат дека неколку села, меѓу кои и Свињишта, не можат да се приклучат на водоснабдителниот систем бидејќи не се во склоп со истиот. Факт е дека имаат дефект, односно линијата треба да се исчисти, а мештаните не се во состојба да го санираат сами. Тие треба писмено да се обратат до ЈП со барање, додаваат од таму. Сепак решение има само доколку мештаните одлучат да преговараат со МЈП проаква, со примопредавање да го предадат системот на одржување, велат од таму.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top