30 капитални проекти за Охрид во програмата „Реално“

Post Views: 0 Програмата на ВМРО ДПМНЕ-РЕАЛНО, за 2017–2020 година напишана на 500 страници е базирана на три постулати и тоа РАБОТА, СИГУРНОСТ, НАПРЕДОК! Програмата нуди реални решенија во секој дел од општественото живеење, според потребите на граѓаните, истакна Љубен Арнаудов – кандидат за пратеник од ВМРО -ДПМНЕ со Коалицијата за подобра Македонија. Арнаудов упати крититка дека опозициските партии предводени од СДСМ, освен што ја ставиле во залог државата во изминативе две години, на изборите излегле со Програма во која се расфрлале со неиздржани и од ракав извадени проекти. Арнаудов...

Continue reading

Давид Крстески наjвисоко на пиедисталот на „Бугарија Опен 2016“

Post Views: 0 Овој викенд во Пловдив, Бугарија се одржа А КЛАСА турнир БУГАРИЈА ОПЕН 2016 ,кој е најјак и најпрестижен турнир на овие простори, каде учество над 600 такмичари од 11 земји. На овај турнир повеќето држави ги избираа своите репрезентации за наредната 2017 година со што по квалитетот на борбите многу го споредија со највисоки оцени. На овај турнир претставници на нашата држава беа членовите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид кои настапија со 16 такмичари, покрај Македонија имаше претставници од Бугарија, Србија, Босна ,Грција, Хрватска, Италија, Австрија,...

Continue reading

apteka

Паѓаат цените на лековите

Post Views: 1 Најголемо намалување на цените има за лекови што ги примаат болни од рак, оние со болно срце и крвни садови, со епилепсија. Поевтинуваат и антибиотици, антимикробни лекови, терапија против вируси, седативи, против ревма, како и лекови што дејствуваат на желудникот и на системот на варење. Речиси 900-тини илјади евра ќе заштедуваат граѓаните годишно со поевтинувањето на 752 лека, кое стартува од денеска. Просечното намалување е околу 740 денари, но има и антибиотици кои при продажбата на големо се поевтини и за 15 илјади денари. Парите кои ќе се заштедат на овој начин,...

Continue reading

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип

Post Views: 2 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип.  Засега се пријавени само 15 и тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување.  Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип. Од оваа количина 1680 биле наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Вакцините веќе...

Continue reading

Sovet Struga

Буџетот на општина Струга за 2011 година ребалансиран

Post Views: 1 На денешната 33 -та седница на струшкиот совет го усвои ребаланс на буџетот. Според законската процедура до 15 ноември  општините мора пред советниците да ги стават на разгледување потербиет за ребаланс на буџетот  доколку има за тоа потреба да се произнесат. Градоначалникот Рамиз Мерко пред советниците ја истакна потребата од ребалансирање на  претходно проектираниот буџет. Мерко ги образложи сите ставки каде  што се очекувал поголем прилив но се потфрлило во очекувањата.Меѓу другото напомена дека поголеми расходи имало за потребите на противпожарната единица, а помалку...

Continue reading

Вреќи со градежен шут завршија на брегот и во езерските води на плажата Грашница

Post Views: 10 Утрово во езерските води и на брегот во Грашница беа истоварени  вреќи  полни со градежен  шут. Очевидците  револтирани од ваквиот немарен однос на оние кои го растовариле отпадот тука  реагираат на ваквото  недозволено одложување на шут во  и покрај езерските води. Екипа на ТВМ веднаш по пријавата од граѓани ја посети посочената локација и констатира дека во езерските води и на брегот е довезен градежен шут. Околните жители кои веднаш до општинскиот инспекторат го пријавиле несовесното одложување на шутот, погледите ги насочуваат кон Канео. Веруваат дека потеклото...

Continue reading

Авион на „Луфтханза” не полета од аеродромот во Софија поради птици во моторот

Post Views: 4 Патнички авион на германската авио-компанија „Луфтханза“, што утринава требаше да лета од Софија за Франкфурт, остана приземјен откако во еден од неговите мотори влегле птици, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во инцидентот нема жртви, а патниците потоа биле упатени на други летови. Од аеродромската управа соопштуваат дека на турбината на авионот на германската авио-компанија имало констатирани помали оштетувања.

Continue reading

ВМРО за Македонија: Ние ќе ја правиме новата Влада

Post Views: 0   Македонија ќе ја кренеме на нозе и ќе ја направиме пристојно место за живеење, а не коридор за бегство на илјадници македонски чеда. Оваа порака синоќа од Охрид ја упати Љубе Бошкоски носителот на листата во 5ИЕ од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Под слоганот „Заедно за силна Македонија“. Од оваа коалиција убедуваат дека имаат капацитет да ја консолидираат државата, а нивната програма наскоро и официјално ќе биде објавена. „Ние ја испишуваме заедно со оние ваши пораки кои ги добиваме на во ова современо време на Твитер Фејзбук, добиваме пораки кои ме запрепастуваат....

Continue reading

Градскиот стадион ќе биде затворен за фудбалска употреба до крајот на август

Post Views: 1 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од денес до крај на месецот август Градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе биде затворен за фудбалска употреба. Имено на фудбалскиот терен во овој период ќе се изврши замена на стариот бусен со нов на деловите каде што е потребно. Исто така ќе се изврши аерификација и најважното од сите активности во овој период, после отварањето на стадионот пред 45 години ќе се заменат фудбалските голови со нови со што Градското фудбалско игралиште после електронското наводување ќе добие и најсовремени голови...

Continue reading

Нов успех настудиото за танц „Соната“

Post Views: 7 Студиото за танц „Соната“ од Охрид викендов од 18 – ти до 20-ви ноември се натпреваруваше на осмиот по ред „Денс Фест Нови Сад“, еден од најголемите и најзначајните танцови натпревари во Источна Европа. Тоа е танцова манифестација која еднаш годишно ги собира љубителите натанцот, танчери, тренери, кореографи и реномирани стручњаци од оваа област. Цел на фестивалот е создавање условиза промоција на млади таленти, размена на идеи и поддршка на уметниците во танцовата уметност. Годинава имаше преку 3000 натпреварувачи од 20 земји, околу 4000 во публиката. Се на се едно...

Continue reading

Охриѓани очекуваат подобра иднина

Post Views: 3   Различни се очекувањата на нашите сограѓани од предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември. Сите се согласни околу едно, очекуваат подобра иднина. Некои се надеваат дека ќе се стави крај на политичката криза, а ги има и оние кои не веруваат во тоа. Има и граѓани сеуште се сомневаат дека изборите воопшто ќе се одржат. „Мислам дека се ќе биде во ред ќе биде релаксирано, народот навикна го знае редот, секој си има свое мислење и ќе ја одберат опцијата која им одговара“. „Очекувањата се големи. Доколку дојде до промена на владеачката гарнитура...

Continue reading

Најголемо спојување во историјата на производители на процесори

Post Views: 2 Заедничката компанија, чие седиште ќе биде во Сингапур и ќе се вика Broadcom, ќе биде трет по големина американски производител на полупроводници, по приходи, зад Intel и Qualcomm.Avago Tehnologies соопшти дека го договирил купувањето на Broadcom Corp за 37 милијарди долари, што е најголемо спојување на производители на чипови во историјата.Avago понудил на акционерите 17 милијарди во кеш и акциите на Avago во вреднос од 20 милијарди долари. Broadcom е познат по чиповите кои ги користат паметните телефони на Apple и Samsung Electronics.Ова спојување е втор голем договор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top