Нов успех настудиото за танц „Соната“

Студиото за танц „Соната“ од Охрид викендов од 18 – ти до 20-ви ноември се натпреваруваше на осмиот по ред „Денс Фест Нови Сад“, еден од најголемите и најзначајните танцови натпревари во Источна Европа.

 |   | 

Студиото за танц „Соната“ од Охрид викендов од 18 – ти до 20-ви ноември се натпреваруваше на осмиот по ред „Денс Фест Нови Сад“, еден од најголемите и најзначајните танцови натпревари во Источна Европа.

Тоа е танцова манифестација која еднаш годишно ги собира љубителите натанцот, танчери, тренери, кореографи и реномирани стручњаци од оваа област.

Цел на фестивалот е создавање условиза промоција на млади таленти, размена на идеи и поддршка на уметниците во танцовата уметност.

Годинава имаше преку 3000 натпреварувачи од 20 земји, околу 4000 во публиката.

Се на се едно одлична авантура од над 1500 километри во двата правци, патување од кое охридските танчери се вратија со 18 медаљи.

Една за второто место во категоријата HIP-HOP SOLO KIDS. Ја освои Маркус Голев Мабуа, со точката LET`S.

Трето место за групата FUZION -категорија е OPEN FORMATION KIDS, формација од 17 ептен талентирани дечиња. Tочата се вика Машки кукли

И четврто место во категоријата HIP-HOP GROUP JUNIOR за THE FREAX со точката FRIXING VOL. 2

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top