Најголемо спојување во историјата на производители на процесори

Broadcom е познат по процесорите кои ги користат паметните телефони на Apple и Samsung Electronics.

 |  инфодеск  | 

Заедничката компанија, чие седиште ќе биде во Сингапур и ќе се вика Broadcom, ќе биде трет по големина американски производител на полупроводници, по приходи, зад Intel и Qualcomm.
Avago Tehnologies соопшти дека го договирил купувањето на Broadcom Corp за 37 милијарди долари, што е најголемо спојување на производители на чипови во историјата.
Avago понудил на акционерите 17 милијарди во кеш и акциите на Avago во вреднос од 20 милијарди долари. Broadcom е познат по чиповите кои ги користат паметните телефони на Apple и Samsung Electronics.
Ова спојување е втор голем договор во оваа индустрија годинава, а веројатно нема да е последен, тврдат аналитичарите. Имено, побарувачката за евтини процесори и нови производи за покренување на уреди поврзани со интернет ја поттикнува консолидацијата во таа индустрија.
Како што известува NewYork Post, Intel би можел наскоро да склучи договор за купување на помал производител на чипови, Alter Corp, за околу 15 милијарди долари.
“Договорот веројатно ќе се склучи до крајот на идната недела”, објавиле весниците цитирајќи извор кој е вклучен во преговорите. Но, истиот извор предупредил и за можен прекин на преговорите.
Alter Corp веќе порано одби понуда од Intel од 54 долари по акција кога и е потпишан договор за мирување, а кој истекува на 1 јули па ако не се постигне договор, најголемиот светски производител на чипови би можел да понуди непријателска понуда за превземање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top