Post Views: 6
Хотелиерите од охридското крајбрежје очекуваат надминување на политичката криза во земјава и успешна зимска туристичка сезона. Политичките случувања секогаш имаат огромно влијание врз туристичкиот сектор. Од политичката клима зависи и успешноста на зимската сезона која почнува со новогодишните празници, вели претседателот на Хотам, Крсте Блажески.
„Треба да дојде разум. Одиме од крајност во крајност со збиднувањата, но очекуваме дека мора да дојде резултат. Тоа е последно нема каде да се оди. Мислам дното е поминато и мора да се оди напред зборувам за политичката...
Post Views: 0
Утре со почеток во 10:30, градските советници ќе расправаат за последен пат во оваа 2016та година. Дневниот ред на шеесет и шестата седница на Советот на општина Охрид ќе биде обременет со 36 точки. Градските избраници утре ќе расправаат по предлог одлуките за програмите за работење на секторите па така меѓу другото на дневен ред ќе се најдат предлог одлуките за усвојување на развојните програми за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2017 – 2018 година, за заштита на животната средина и природата за 2017 година, управување со отпад на општина...
Post Views: 3
Извршниот директор на Twitter, Dick Costolo, поднесе оставка поради спориот раст на бројот на корисници и приходите од огласување во однос на конкуренцијата, а привремено на таа должност ќе биде соосновачот на таа социјална мрежа Jack Dorsey.Costolo на конференцијата за медиуми рекол дека сам одлучил да поднесе оставка и дека за местото извршен директор ќе се бараат кандидати од самата компанија, но и од надвор.Спрема проценките на компанијата eMarketer, бројот на корисници на Twitter оваа година би можел да се зголеми за 14%, додека пред неколку години таа бројка растеше...
Post Views: 0
Под мото„Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Во рамките на проектот, полициски службеници ги посетуваат основните училишта во општината и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици.
„Од ваквите повреди нема заштита, опасност од изгореници на рацете и лицето, на очите и дишните патишта, опасност од експлозија, нагрденост на лицето,...
Post Views: 10
Петмина студенти од ФТУ на групата осигурување се здобија со стипендии во висина од 200 евра. Студентите се на втора година осигурување во државна квота, и се со висок просек. Од името на студентите се заблагодари студентот Петар Упевчески.„Ни овозможија и не стимулираа во натамошното студирање. Максимално ќе ја оправдаме дадената доверба со надеж дека еден ден активно ќе се вклучиме во реалниот сектор во областа на осигурувањето“, истакна Упевчески.
Стипендиите ги доделува осигурителната компанија „Еуросиг“ од Албанија. Покрај овие пет стипендии од оваа осигурителна...
Post Views: 2
Годинашната акција за пошумување на Македонија ќе се одржи наредната недела, но уште не е одреден датумот за кој треба да одлучи Владата на Република Македонија.
Денот на дрвото ќе се организира шестта година по ред и се очекува да бидат засадени околу 5 милиони садници. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, вели дека манифестацијата се одложува затоа што изминативе денови времето беше топло и несоодветно за садење.
– Најверојатно акцијата ќе се одржи наредната недела, но Владата ќе го даде последниот збор. Планираме да засадиме...
Post Views: 2
Станарите од блокот згради на улица Партизанска со пресекот на улицата Асном реагираат дека се шири неподнослив мирис од хемикалија. Неколку дена во становите по цевките на канализацијата вдишуваат мирис кој се шири во бранови од хемикалија која не може точно да ја дефинираат.
Нагаѓаат дали станува збор за мирис на боја, разредувач или бензин. Како што велат пријавиле до надлежните служби затоа што стравуваат за сопственото и здравјето на семејствата. Се прашуваат на што се должи таа миризба и дали е опасна по здравјето. Жителите од блокот згради кои со овој проблем...
Post Views: 3
Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...
Post Views: 11
Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека. Првиот обид за пронаоѓање изведувач на градежните работи, заврши неуспешно. Од Локалната ни дадоа кратко објаснување зошто тендерот пропаднал.
–Тендерот за реконструкција на кејот „Македонија“ не успеа , бидејќи согласно Член 120 од Законот за јавни набавки понудената цена беше повисока од проценетата. Новиот тендер за реконструкција на кејот „Македонија“ е распишан и нема измени во условите.
Локалната самоуправа согласно вториот тендер за избор на фирма што ќе ги реализира изведбените работи на Кејот „Македонија“, ...
Post Views: 2
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот за половина денар.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар. Со одлуката на Регулаторна за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот...
Post Views: 2
Црвен крст Охрид и Лаунџ бар НОА ја најавуваат новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата.
Средствата кои ќе бидат собрани од оваа хуманитарно-продажна акција ќе бидат наменети за ранливата категорија за деца од социјално загрозените семејства деца од самохрани родители, деца без родители, деца со специјални потреби и деца од згрижувачки семејства. Со нив ќе...
Post Views: 2
Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот.
Извршена е замена на старите и дотраени клупи во „Холандскиот парк“ и во паркот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Јане Сандански“.
Денеска се вршеше поставување на нови клупи во паркот „Билјанини извори“, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени нови клупи за седење на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во паркот покрај градскиот кеј, во стариот дел на градот и на неколку други јавни...