Хотелиерите очекуваат надминување на политичката криза во земјава

Хотелиерите очекуваат надминување на политичката криза во земјава

 |  Валентина Неловска  | 

Хотелиерите од охридското крајбрежје очекуваат надминување на политичката криза во земјава и успешна зимска туристичка сезона. Политичките случувања секогаш имаат огромно влијание врз туристичкиот сектор. Од политичката клима зависи и успешноста на зимската сезона која почнува со новогодишните  празници, вели претседателот на Хотам, Крсте Блажески.

 „Треба да дојде разум. Одиме од крајност во крајност со збиднувањата, но очекуваме дека мора да дојде резултат. Тоа е последно нема каде  да се оди. Мислам дното е поминато и мора да се оди напред  зборувам за политичката криза. Кога таа ќе се тргне очекуваме и економската криза полека  да се поправи“  , вели Блажески.

Засега продажбата на пакет  аранжманите за претстојните празници во хотелите на охридското крајбрежје е над 70 проценти. Во хотел Дрим почнувајќи од католички Божик на 24 декември па до православниот Божик капацитетот е исполнет над 90 проценти.

 

„Тоа е неколку години по ред. Имаме традиционално добар микс на гости. Почнувајќи од околните држави нема од каде нема. Најбројни се бугарските гости во последните 2 години, има албанци, црногороци, грци. Домашни гости  нема многу. Кај нас изумира дочекот  да се чека Нова година во хотел. Има но не се голема бројка, очекувана, што сме ја имале порано“, вели Блажески.
 
Од хотел Дрим неколку години по ред организираат еден настан на првиот ден од новата година насловен како „Ручек со лебедите“. Овој настан е многу поинаков од другите хотели  со организирање на ручек на плажа и музичка забава  мошне привлечен за гостите, вели Блажески. Традиционално за новогодишната ноќ за забава е задолжен охридскиот естраден уметник Петар Нечески, најавуваат од хотел Дрим.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top