Post Views: 0
Поштенска марка за деца со ретки болести. Набрзо колекцијата на македонската филателија ќе стане побогата за уште една поштенска марка. До сега на светско ниво не е испечатен примерок на поштенска марка посветен на децата со ретки болести. Заслугата за тоа е на Гордана Лолеска, вработена во Македонска Пошта подружница Охрид, која е и волонтер на здружението „Живот со предизвици“, вели директорот на охридската подружница, Сејфула Хани.
„Успеавме и сега веќе тоа е реалност, помина во советот за филателија поштенска марка за лицата со ретки болести и очекуваме на денот...
Post Views: 3
Жителите од блокот згради на улица „Партизанска“ со пресекот на улицата „Асном“ од минатата недела мака мачат поради неподносливиот мирис од хемикалија кој се шири во нивните домови. Тие поднеле писмено барање до комуналната инспекција од каде им било кажано дека ќе извршат увид на терен. Од Локланата велат дека инспектор по животна средина и претставници од ЈП „Нискоградба“ уште во петокот биле во овој дел на градот да проверат за што станува збор.
Она што екипите на ЈП „Нискоградба“ го утврдиле е дека шахтите се чисти и дека нема никакви остатоци на масло, нафта...
Post Views: 2
Меѓународното здружение на воздухопловен превоз (IATA) одреди нови, значително помали димензии за рачниот багаж кој може да се внесува во авионот. Многу превозници, вклучувајќи ја и Lufthansa, најавиле интересирање за оваие насоки на IATA.Сите кои летаат знаат каква борба се води за просторот за багаж над седиштата на авионот, особено во зима кога треба таму да се смести и капутот, па последните патници кои ќе влезат во авионот скоро и да немаат шанса нешто да стават во тој простор.На конференцијата на IATA, која се одржа во Мајами, се одредени нови насоки што се однесува...
Post Views: 8
Општина Охрид досега има исплатено над 14 милиони евра од долгот кој го наследи од претходната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека се изнаоѓаат разни механизми за намалување на долгот и растеретување на жиро сметката на локалната.
Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот кој општината го наследи и кој изнесува околу 40 милиони евра. Борбата со долговите на општина Охрид се одвива на повеќе нивоа. Едно од нив е сервисирање и репрограмирање на тие долгови по основ на исплата на долговите на рати и преговарање со оние компании или физички...
Post Views: 17
Промовирана книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ од доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе. Ова дело се заснова врз револуционерниот пат на охридскиот војвода Петар Чаулев кој заедно со Александар Протогеров и Тодор Александров бил дел од ЦК на ВМРО и една од централните фигури во македонското револуционерно движење. Прикажани се различни историски премрежја од тој период, како и начинот со кој Петар Чаулев се справувал со револуционерните предизвици.
Ова е доста значајно дело и за историчарите и за обичните граѓани бидејќи ова е едно од првичните дела за Петар Чаулев кое воопшто...
Post Views: 2
Домашна визитаа е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илјади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Во Охрид и Дебрца медицинските сестри ќе посетат над 500 пациенти кои претходно беа пријавени за овој проект.
Проектот, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата...
Post Views: 2
Јубилеј 50 години од постоењето одбележаа вработените од ЕМУЦ Св. Наум Охридски. 5 децении исполнети со многу вложен труд, истрајност и посветеност во работата, напоменува директорот на центарот Јане Цаноски. Сите овие години на предизвици и промени овој центар достоинствено истраа и прерасна во обарзовен репрезент на општина Охрид. Цели 5 децении ЕМУЦ подготвува кадри од електротехничката, машинската, сообраќајната струка и личните услуги за потребите на стопанството и високо школските установи.
„Денес прерасна во регионален центар кој ги следи современите текови....
Post Views: 0
Фирмите кои ги предводат жените од пограничната област на Р. Македонија и Р,Албанија, ставени на ДВД. 40 фирми од Струга и Поградец, со кои директоруваат жените претприемачки, веќе си го најдоа своето место за понатамошна промоција. Глигор Михајловски, од Македонската развојна фондација за претпријатија, вели дека на ДВД – то застапени се бизнисите на сите претприемечки, кои до нив ги доставиле основните податоци за дејноста која ја вршат. Тој кажа дека ова е само успешен почеток на проектот за промоција на женско претприемништво кое се спроведува во рамките на...
Post Views: 0
Советниците од опозицијата не гледаат развојни моменти во ова буџетско решение, додека, градоначалникот Бакарачески смета дека станува збор за буџетско решение со кое се прави компромис помегу задоволувањето на потребите на граѓаните и сервисирањето на огоромните долгови во кои се наоѓа општината.
После вообичаено долга расправа, на денешната седница на совет, усвоен е буџетот на Општина Охрид. Со единаесет гласови за, шест против и еден воздржан изгласано е буџетското решение за 2017-та година тешко 553 милиони денари. Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески...
Post Views: 12
На 1. февруари 2022 година започнува новата, 4-та сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”.
Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести.Од самиот почеток на кампањата ТВМ телевизијА, е активно вклучена во промоцијата на кампањата. Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките...
Post Views: 3
Неотстапување на првенство на минување, причина за уште една сообраќајна незгода со трагичен крај на патот кој е во изградба Охрид – Кичево. Згасна животот на 74 годишна жена на оваа делница во тешката сообраќајна незгода која се случи вчера во 14 часот и 35 минути, кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. Во истата незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица од селото Велмеј општина Дебарца кои се задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со полесни повреди се здобил 37 годишен маж од Пробиштип кој, по укажаната медицинска...
Post Views: 12
Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава.
Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот.
Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање....