ЕМУЦ Св.Наум Охридски одбележа 5 децении постоење

 ЕМУЦ Св.Наум Охридски одбележа 5 децении постоење.

 |  Валентина Неловска  | 

Јубилеј 50 години од постоењето одбележаа вработените од  ЕМУЦ Св. Наум Охридски. 5 децении исполнети со многу вложен труд, истрајност и посветеност во работата, напоменува директорот на центарот Јане Цаноски. Сите овие години на предизвици и промени овој центар достоинствено истраа и прерасна во обарзовен репрезент на општина Охрид. Цели 5 децении ЕМУЦ подготвува кадри од електротехничката, машинската, сообраќајната струка и личните услуги за потребите на стопанството и високо школските установи.

„Денес прерасна во регионален центар кој ги следи современите текови. Наша визија е да создадеме современа и креативна средина со современа образовна инфраструктура која ќе продуцира квалитетни кадри конкурентни на пазарот на трудот во регионот и пошироко“, истакна директорот Цаноски.

Чест и гордост е да бидеме присутни на настан кој одбележува пола век постоење на ЕМУЦ, истакна заменик градоначалникот Ангел Јанев.    Од овој училишен центар излегуваат одлични ученици и стручњаци. Доказ за тоа се освоените општински, државни и меѓународни признанија. Една од тие награди е и „Лидер на струките“ посебно во електромашинската струка, истакна Јанев.

„Да им порачам на учениците кои сакаат да учат средно стручно образование, овој училишен  центар е одличен избор. Сведоци сме дека во овој период има многу високообразован кадар, но денес има помалку технички образовни струки. Инвеститорите во Македонија имаат потреба од стручни кадри. Патот кон идното вработување е пат преку вакво стручно образование како што е ЕМУЦ Св.Наум Охридски“, истакна Јанев.  
 
Во ЕМУЦ Св.Наум Охридски денес учат 620 ученици, најбројна е електротехичката струка, а потоа следуваат по 100 ученици во машинската, сообраќајната струка и лични услуги. За нивна едукација се ангажирани 55 професори.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top