Post Views: 7
Шест случаи на новата варијанта омикрон се пронајдени во Шкотска. Шкотската влада во понеделникот рече дека сè уште не е познато каде поединците се заразиле со вирусот, но некои од случаите може да се должат на ширење во заедницата, а не на директно патување.
Во неделата во Канада беа откриени два случаи на омикрон. Министерката за здравство на Онтарио, Кристин Елиот, рече дека луѓето во Отава отпатувале во Нигерија, која не е во јужноафриканскиот регион каде што официјалните лица велат дека се појавила мутација на вирусот.
Холандските здравствени власти во неделата...
Post Views: 1
„Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, е темата на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. На неа наредниве три дена ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки,...
Post Views: 0
Предводени од локалната и централната власт на СДСМ докажавме посветено креирање на политики и подготвеност за реализација на значајни проекти. Неуморно работиме за обезбедување на подобра иднина на општина Охрид, истакна претседателот на охридските социјалдемократи Науме Јованоски, на денешната прес конференција.
Врз внимателно идентификувани потреби на граѓаните и значителна посветеност успеавме да реализираме голем број квалитетни инфраструктурни проекти. Благодарение на градоначалникот Константин Георгиески се реконструираа и асфалтираа значајни градски сообраќајници....
Post Views: 3
Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните на нивната обврска, за задолжително поднесување на Годишна даночна пријава, најдоцна до 15-ти март 2017 година.
Се поднесува Годишна пријава доколку граѓанинот во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, остварил и дополнителни приходи од: ќирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски...
Post Views: 1
Автобусите кои вршат јавен превоз на патници од денес треба темелно да се дезинфецираат. Дезинфекција на јавниот транспорт е препораката на Комсијата за заразни болести со цел да се спречи понатамошнoто ширење на грипот. Ваква препорака за дезинфекција на јавниот транспорт до превозниците во земјава се издава за прв пат.
ТВМ ги контактираше приватните автобуски компании кои вршат јавен превоз во Охрид што преземаат во таа насока. Од АД Галеб информираа дека веќе се мобилизирале и до крајот на неделата ќе преземат активности за да ги дезинфицираат сите нивни...
Post Views: 0
Со оглед на сѐ поголемиот број на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се сите важни приватни информации, мобилните уреди последните години стануваат сѐ поинтересна мета на хакерите. Иако нападите и понатаму се почести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем на Google, Android. Последните информации поврзани за опасен безбедносен пропуст кој хакерите би можеле да го искористат е поврзан со телефоните на Samsung. Од безбедносната компанија NowSecure откриле пропуст поврзан со SwiftKey тастатурата...
Post Views: 1
Тече пријавувањето на граѓаните кои на Водици, за здравје но и да си ја пробаат среќата, ќе скокаат во студените езерски води по чесниот крст. Од Дебарско – кичевската епархија информираа дека испечатени биле околу 600 маици од кои 300 биле донација на фармацевската компанија „Зегин“, а останатите од општина Охрид како и брошури кои веќе се делат на оние кои доаѓаат да се пријават. По повод одбележувањето на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“ прецизирана е и програмата на сите настани кои се предвидени за време на трите дена додека трае одбележувањето....
Post Views: 0
Милчо Манчевски гостува со предавање на тема „Филм, конфликт, репрезентација“ на Универзитет Кембриџ, а ќе бидат прикажани и филмовите „Мајки“ и „Пред дождот“. По прикажувањето, ќе има разговор за филмовите, а студентите, професорите на Кембриџ и посетителите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да разговараат со Манчевски.
Универзитетот Кембриџ е трет најстар во светот, основан во 1209 година, и еден од најпрестижните и најквалитетните универзитети во светот, од чии рамки произлегле 90 добитници на Нобеловата награда. Универзитетот Кембриџ организира предавања...
Post Views: 0
Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата. Се поголем број млади луѓе стануваат дел од Здружението „Брег на младоста“. На почетокот на минатата година имало околу педесеттина младинци, а сега има речиси 200. Осмоодделенката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ веќе два месеци е дел од тимот и е лидер во своето училиште.
Мотивот беше солидарноста и хуманоста која се промовира преку ова здружение. Идејата е сите да се сплотиме заедно како една екипа која ќе го претставува не само нашиот град, туку и нашата земја воопшто, вели Теа.
Во здружението „Брег на младоста“ од...
Post Views: 2
Во тек е ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, срна, волк и лисица. Охридските ловци задоволни од текот на ловната сезона. Дивата свиња се враќа на ловечките терени во охридско, напоменува ловникот Зоран Целакоски од концесионерот Зружение на ловци Охрид. Ловците ги почитуваат законски дозволените квоти за отстрел на крупниот дивеч.
„Оваа 2017 година тековната ловна сезона за дивата свиња е 1 октомври до 31 јануари. Треба да отстреламе 56 диви свињи. Према евиденцијата на секој ловец кој отстрелал дива свиња треба да му издадеме потврда за потекло на...
Post Views: 0
35 ученици и 24 музички точки. Кларинети, саксофони, пијано се само дел од инструментите кои на ладното време испуштаа топли музички звуци. Учениците од средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга со својот талент, вдахнаа новогодишен дух и допринесоа барем малку да се почувствува новогодишната атмосфера во Струга.
„Ова ние прв уличен новогодишен концерт и се надеваме дека ќе остане во традиција на нашето училиште. Сето ова е за луѓето да знаат дека има едно музичко средно училиште и да знаат дека ние учиме и се трудиме да знаат дека музиката не е само...
Post Views: 2
Англичаните полека, но сигурно ги откриваат убавините на Вевчани. Богатата туристичка понуда, гостопримството и шармот на минатиот век кој Македонија и Вевчани го имаат задржано, ја прави привлечна земја како туристичка дестинација за англичаните. Група гости од оваа земја беа гости и на Вевчанскиот карневал, а градоначалникот Цветомир Угриноски откри и дел од нивните намери кои се добредојдени за развој на оваа општина. „ Се заинтересирани за инвестирање во општина Вевчани во туризмот. Сакаат да ја испитаат и водата за фабрика за вода. Имав со нив разговор, “кажува...