Музичките ноти ги затоплија срцата на случајните минувачи низ Струшката чаршија

Прв уличен новогодишен концерт на учениците од средното музичко од Струга. Со музика и песна ги затоплија срцата на случајните минувачи и внесоа празничен дух во градот. Велат се надеваме дека ова ќе ни премине во традиција наредниве години.

 |  Мишел Наумоски  | 
koncert
koncert

35 ученици и 24 музички точки. Кларинети, саксофони, пијано се само дел од инструментите кои на ладното време испуштаа топли музички звуци. Учениците од средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга со својот талент, вдахнаа новогодишен дух и допринесоа барем малку да се почувствува новогодишната атмосфера во Струга.

„Ова ние прв уличен новогодишен концерт и се надеваме дека ќе остане во традиција на нашето училиште. Сето ова е за луѓето да знаат дека има едно музичко средно училиште и да знаат дека ние учиме и се трудиме да знаат дека музиката не е само онаа музика што ја слушаме и гледаме туку е дел од нашиот живот, од нашето секојдневие и дека можеме да направиме многу подобри нешта со музика.“

„Ако се работи со љубов се може да се направи. Собравме храброст да го направиме сето ова и многу сме задоволни како се одвиваат работите и се надевам дека се ќе се заврши вака како што почна убаво. Ќе ја пеам од Каролина Гочева „За година, две“ и се надевам дека ќе биде убаво.“-велат ученичките од СМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“-Струга.

„Животот има потреба од музика. Музиката и уметноста се адреналинот за срцето.“-вели професорот Фатон Положани кој беше задолжен за организацијата на уличниот концерт.

koncert„Како старт нашата иницијатива е да ги мотивираме и другиве генерации, да се занимаваат со уметноста, уметноста е срцето на еден народ. Пред 1000 години за да можеш да учествуваш во дворот на кралот имало три закони. Да знаеш да свириш еден инструмент, да знаеш странски јазик и да знаеш да пливаш. Ние во Струга, во Охрид ги нудиме сите три.“-рече Фатон Положани-професор во СМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“-Струга.

За организацијата на овој музички концерт се погрижи токму средното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Струга, додека иницијативата за неговото одржување е дело на американска невладина организација. Мулти-културниот елемент на концертот му го дадоа изведбите на англиски, македонски и албански јазик. Да се надеваме дека навистина ќе им прерасне во традиција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top