Post Views: 2
На покана на компанијата „КОСТАЛ“, градоначалникот Кирил Пецаков и дел од советниците од Советот на Општина Охрид беа во посета на компанијата.
Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо, ги запозна присутните со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид. После презентацијата се изврши обиколка низ производствените линии каде градоначалникот и советниците одблиску се запознаа со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.
На крајот од средбата заедно беше заклучено дека...
Post Views: 1
Транспаренси интернешeнл го објави овогодишното рангирање за нивото на корупција во 176 земји во светот.
Според листата, земји со најмал индекс на корупција, 100, се Данска и Нов Зеланд.
Во 2016 година, Македонија е на 90. место со 37 поени, што во однос на 2015 година е за пет места подолу. Во регионот, зад Македонија е само Косово, на 95. место со 36 поени.
Од балканските држави најнекорумпирана е Словенија (31 поени) , а потоа следат Србија (72), додека Албанија и Босна и Херцеговина го делат 83. место.
Post Views: 1
Варошани, синоќа и утринава остана без вода. Причина за тоа е голем дефект на водоводната линија, која го напојува 1000 метри кубниот резервоар во непосредна близина на Самоиловата тврдина, кој локалитет се наоѓа на тешко пристапен терен. Техничкиот раководител на Р.Е Водовод, Сашо Сотироски соопштува дека дефектот настанал поради ниските температури.
„Oд ниските температури на мали длабини доаѓа до замрзнување на површинските делови од ПВЦ материјалот на водоводната линија и се намалува протокот на вода, каде што низ овие тесни грла доаѓа до пукање на цевката“.
Сотироски...
Post Views: 15
Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео – Лабино – Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини, кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства.
Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари...
Post Views: 2
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари 2017 година (петок), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.
Post Views: 2
Засекогаш ќе остане запаметен по големиот хит “My heart will go on”(Titanic), но и по музиката која ја компонираше за филмовите “Avatar” и “Braveheart”.James Horner (61) загина при пад на авион во понеделникот наутро, а се верува дека авионот двосед беше во негова сопственост бидејќи покрај музиката, летањето беше негова голема страст.James беше искусен пилот со многу часови летање, а причините за падот сеуште не се познати. Неговата смрт ја потврдила неговата асистентка Sylvia Patrycja на својата Facebook страница.“Изгубивме неверојатна личност со големо срце и талент”,...
Post Views: 0
Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото Талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро.
– Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат.
Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека...
Post Views: 4
Последниве денови во скопската градска болница „8 Септември“ предоцна биле донесени неколку пациенти без знаци на живот, кои лекарите не успеале да ги спасат и покрај низа мерки за реанимација.
Заладувањето, но и честите промени на времето, освен вируси и инфекции прават подлога за зголемување на бројот на мозочни и срцеви удари кај граѓаните. Лекарите апелираат тие да прават почести контроли на здравствената состојба и доколку им се влоши веднаш да појдат на лекар, пишува Нова Македонија.
– Има зголемен број на мозочни и срцеви удари. Деновиве имавме неколку смртни...
Post Views: 5
Република Унгарија отвори почесен генерален конзулат во Охрид. Проф. д-р Марјан Бојаџиев е именуваниот почесен унгaрски конзул во земјава. На свеченото отварање присуствуваа високи дипломатски претставници од двете земји. Успешна работа и плодна соработка на почесниот конзулат посака охридскиот градоначалник Николa Бакрачески.
„Рабоата на овој конзулат ќе придонeсе за искористување на унгарските искуства за приклучување на РМ кон евроатланските интеграции и ќе придонесе многу и за препознавање на Охрид како дестинација за унгарските инвеститори и се разбира за унгарските...
Post Views: 3
Второто полугодие во сите училишта во Охрид започна без никакви проблеми. Навреме е извршена дополнителната дезинфекција на просториите што беше препорака од Комисијата за заразни заболувања поради зголемената појава на грип.
Во текот на вчерашниот ден сублимиравме и речиси и да немаше отсутни. Секако добре дојдена беше и паузата која ја имавме за зимскиот распуст така што второто полугодие почна во најдобар ред,. Доколку и понатаму има некои инструкции или ние сами осетиме дека се зголемува бројот на ученици заболени од грип ќе преземеме дополнителни мерки, вели Тони...
Post Views: 1
Вевчани деновиве дише во знакот на Василичарскиот карневал. Остануваат уште неколку дена до почетокот на официјалниот дел од карневалот. Како и секоја година организаторите и за оваа најавуваат вистински визуелен и музички спектакл. Градоначалникот на општина Вевчани, Перо Илиески вели: „Вевчанскиот карневал е една традиција која се негува со векови, ние како Вевчанци велиме дека карневалот е стар колку што е старо Вевчани.“ Организацијата околу маските и костимите е во рацете на василичарските групи од горно и долно маало, додека музичкиот дел е во рацете на општината.
„На...
Post Views: 2
Охридските избраници ќе заседаваат за првпат во новата година. Утре, ќе се одржи 67-та седница на Советот на општина Охрид, на која на дневен ред ќе бидат дури 60 точки, во најголем дел одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.
На дневниот ред на ова издание на седницата на советот се и неколку предлог решенија за именување членови во комисиите за општествени дејности, за верификација, избори и именувања како и во комисијата за урбанизам. Покрај останатите точки на ова издание на седницата на советот треба да биде констатиран престанок на мандатот на советничката...