Вевчани одбројува до почетокот на Василичарскиот карневал

Традиционално до последниот ден не се познати маските кои ќе продефилираат на 13ти. Како и секогаш карневалот со богата музичка програма, а организаторите очекуваат околу 30 000 посетители, но и присуство на странски телевизиски куќи.

 |  Мишел Наумоски  | 
Vevcanski karneval
Vevcanski karneval

Вевчани деновиве дише во знакот на Василичарскиот карневал. Остануваат уште неколку дена до почетокот на официјалниот дел од карневалот. Како и секоја година организаторите и за оваа најавуваат вистински визуелен и музички спектакл. Градоначалникот на општина Вевчани, Перо Илиески вели: „Вевчанскиот карневал е една традиција која се негува со векови, ние како Вевчанци велиме дека карневалот е стар колку што е старо Вевчани.“ Организацијата околу маските и костимите е во рацете на василичарските групи од горно и долно маало, додека музичкиот дел е во рацете на општината.

„На карневалот како и обично никој не може да знае како и секоја година што во поглед на маски ќе има. Ние како маски нормално можеме да ги кажеме само традиционалните, зетот и невестата, ѓаволите, глупавиот Август и музичарите затоа што до последниот ден, до излегувањето на поворката никој од групите не ги кажуваат маските, ако ги кажат тоа не би било карневалот Вевчани, специфичен како што е специфичен спрема другите карневали би ја изгубил онаа традиција оној драж.“-рече Перо Илиески-Градоначалник на општина Вевчани
Градоначалникот Илиески вели дека може да се очекуваат маски кои ги рефлектираат настаните од изминатава година. Најинтересните настани од политичкиот живот и настани што најмногу ги заинтересирале граѓаните. Вевчанскиот карневал започнува на 11ти Јануари.

Vevcanski karneval„На 11ти Јануари е Новогодишниот концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани, на 12 ти со почеток од 19 часот па до 02 по полноќ ќе има еден рок спектакл со повеќе групи од Македонија и пошироките ЈУ простори, ќе има една локална група на Косте Костески, потоа ќе бидат АРЕА, Скандал састаф сеуште не беше договорено со дел од АЗРА и сеуште договораме со Црвена Јабука.“-вели градоначалникот.

Дефилето на овогодинешните маски е на 13ти Јануари, а по завршувањето на поворката настап ќе имаат две етно групи, а најавен е настап и на Драган Мијалковски кој ќе пее народни изворни песни. Градоначалникот Илиески вели дека се очекуваат голем број посетители, некаде околу 30.000, меѓутоа најави и присуство на маски од странство, меѓу кои и маски од Лесковачкиот и Будванскиот карневал. Целиот настан ќе го следат и пренесуваат и бројни странски телевизиски екипи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top