Охридското езеро најголемиот воден басен не знаеме да го чуваме

Post Views: 6 Македонците имаат ниска свест за третманот на отпадните води. Кај нас повторното искористување на отпадните води е научна фанстастика, напоменува Сашо Точков, специјалист за санитарна хемија и бромолог при охридскиот Центар за јавно здравје. 1,8 милјарди луѓе во светот користат загадена вода за пиење, а 663 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, посочува Точков. Нашиот безгрижен однос кон отпадните води можеби се должи на тоа што земјава поседува богати ресурси со вода за пиење што не е случај со милјарда луѓе на планетата Земја. Охридското езеро е огромен...

Continue reading

Vladimir Vasileski

Четкар во Јапонија

Post Views: 1 Неговиот нов студиски албум „Heavenly“ неодамна беше објавен на пребирливиот јапонски пазар, а тој на крилјата од ваквиот успех, сега во Големото јаболко, патем каде што повеќе години живее и твори, ги токми плановите за натамошните промотивни активности на изданието што го трпеливо го подготвуваше во последниве две години. Јапонија е еден од најсериозните музички пазари во светот. Јапонците обожаваат ваква музика. Говорејќи за новонастанатата ситуација, Четкар знае да каже дека имал намера дистрибуцијата на објавата да ја започне од Европа, од Италија, и дури потем...

Continue reading

Градежен шут заврши на ул. „Охридска Бригада“

Post Views: 0 Времето се стопли, граѓаните реновираат и градат а градежниот шут го одлагаат каде ќе стигнат. Мни депонија со ваков отпад преку ноќ се појави на тротоарската површинаод ул „Охридска Бригада“. Жителите на оваа улица револтирани од несовесното однесување на поединци. Иван Ристески објаснува дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро кога сите спијат па поради тоа не можат да утврдат кој е сторителот. „Вчера прв пат реагирав на Фејбук бидејќи не знаев како поинаку…не знаев од кого да побарам правна помош каде да се обратам, дали до МВР...

Continue reading

Хотелиерите со полна пареа се подготвуваат за новата туристичка сезона

Post Views: 0 Јапонци, кинези, корејци, пољаци, но и гости од Иран од повисоката класа ќе престојуваат ова лето на охридско-струшката ривиера. Веќе од месец април има доста закажани тури со кои ќе доаѓаат туристи од овие земји, а во почетокот на мај започнуваат да доаѓаат холанѓаните кои ќе бидат присутни се до октомври. Хотелиерите забрзано се подготвуваат за престојнава сезона само се надеваат дека нема да има никакви немили настани во државава кои негативно ќе се одразат на туризмот. Очекуваме една добра сезона ако ситуацијата во државата биде стабилна. Минатата година беше избегличката...

Continue reading

Vevcani

Заклучоци од состанокот на Локален совет за превенција – Вевчани

Post Views: 13 Локалниот совет за превенција на општина Вевчани, со Градоначалникот на општина Вевчани, претставници на организациониот одбор на карневалот, претседателите на василичарските друштва, претставници на невладиниот сектор како и претставници на ОБСЕ, МВР, Обвинителство, вчера одржаа состанок во врска со немилите настани што се случија во изминатиот период кои кулминираа со протестите во Струга. Заклучоците од состанокот ви ги донесуваме интегрално: Општина Вевчани и граѓаните на Вевчани од секогаш негувале пријателски односи со  граѓаните од  Дримколскиот регион од различна...

Continue reading

ОУ „Живко Чинго“ го одбележа својот патрон

Post Views: 0 ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти прераснува во современ образовен центар. Тоа го говорат успесите на многу полиња, во постигнати успеси на учениците, во инфраструктурни зафати како и во осовременување на образовниот процес. Директорот Ѓоко Чингоски вели дека успесите доаѓаат со многу работа и залагање на наставниот кадар и учениците, но и на добрата организациона поставеност. Додаде дека точно поради тоа неговите залагања изминатиов период биле да им обезбеди модерни услови за наставниот процес. „Во изминатиов период училиштето постигна успешност на многу полиња. Инфраструктурно,...

Continue reading

Стоп на насилството во здравството

Post Views: 5 Од Лекарската комора на Македонија најостро реагираат и го осудуваат инцидентот во кој пациент физички нападна лекар на работното место во Општата болница во Охрид. „Искажуваме поддршка за нападнатната колешка и благодараност до оние кои реагирале здраворазумно и спречиле поголем инцидент. Во услови на пандемија која трае веќе речиси две години лекарите секојдневно се наоѓаат под притисок да одговорат на потребите на зголемениот број пациенти, а заканите, како и физичките и вербални напади само го отежнуваат пружањето на здравствена услуга и негативно влијаат на нејзиниот...

Continue reading

Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 14 Чарлс Симиќ поет од САД е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Ова беше соопштено денеска на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат високите уметнички достигнувања на Симиќ, особениот поетски израз и поетиката на страсното и луцидно сведоштво на новото време. Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано сите најзначајни награди во Америка, а некои и во Европа, а еве сега се закити и си Златниот венец...

Continue reading

Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд

Post Views: 8 Лицата со посебни потреби ќе имаат можност теоретски и практично да стекнуваат вештини за работа, со кои ќе можат да аплицираат на некои работни места на пазарот на трудот во Охрид. Тоа им се нуди со пилот проектот кој е организиран од Министерството за труд и социјална политика и ЕУ. Предвидено е проектот е да трае два месеци, а ќе се состои во професионална рехабилитација на лицата со посебни потреби. Фирмата „Алпојо“ покажала социјална одговорност и понудила лицата кои се вклучени во проектот да ги обучи за две работни места во нивната организација, пренесува Жанета...

Continue reading

Нов успех на БОБ шампионите

Post Views: 1 Шеесетте охридски мозочиња, повторно најдобри. Сите задоволни и мотивирани од големиот успех, продолжуваат да бидат дел од големото Бреин О Бреин охридско семејство. На неодамнаодржаниот петтиот по ред државен натпревар во Бреин о Бреин програмата, во конкуренција од 600 натпреварувачи од 10 центри во Македонија, децата од Центарот за развивање на животни вештини, кој функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид, се вратија со најмногу освоени трофеи. Од Скоје дури 58 од нив се вратија со освоени трофеи, златни и сребрени медали. „Се тоа се должи на големата посветеност...

Continue reading

Охриѓанчињата од градинката „Јасна Ристеска“ го поздравија доаѓањето на пролетта

Post Views: 0 Со весела песна и игра над 500 охриѓанчиња го поздравија доаѓањето на пролетта. На првиот пролетен ден децата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари и што уште не. На градскиот плоштад се чуствуваше радоста и раздвиженоста која доаѓа со пролетта. Програмата ја следеа голем број родители, баби и дедовци, братчиња и сестричиња, кои уживаа како нивните најмили танцуваат и пеат, прикажувајќи што научиле од своите наставнички во градинките каде што престојуваат. На манифестацијата учествуваа дечиња на возраст од 4...

Continue reading

Апликација која овозможува да видите кој ве избришал од пријатели на Facebook

Post Views: 4 Популарноста на Facebook, кој и понатаму го има приматот во број на корисници кога се во прашање социјалните мрежи, помеѓу другото генерира и разни апликации кои на корисниците им ги проширува можностите.Една од таквите е и апликацијата наречена who deleted me on Facebook, која веќе во самото име открива сѐ. Се работи за програмски додаток за Facebook кој на едноставен и брз начин ќе ви покаже кој од пријателите ве избришал од листата, но и кој евентуално го деактивирал својот профил на најпопуларната мрежа на денешницата. Инсталацијата е едноставна, а откако ќе ја инсталирате...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top