Апликација која овозможува да видите кој ве избришал од пријатели на Facebook

Апликацијата who deleted me on Facebook достигнува завидна популарност

 |  инфодеск  | 

Популарноста на Facebook, кој и понатаму го има приматот во број на корисници кога се во прашање социјалните мрежи, помеѓу другото генерира и разни апликации кои на корисниците им ги проширува можностите.
Една од таквите е и апликацијата наречена who deleted me on Facebook, која веќе во самото име открива сѐ. Се работи за програмски додаток за Facebook кој на едноставен и брз начин ќе ви покаже кој од пријателите ве избришал од листата, но и кој евентуално го деактивирал својот профил на најпопуларната мрежа на денешницата. Инсталацијата е едноставна, а откако ќе ја инсталирате апликацијата ќе видите кој ве избришал од листата на пријатели. Сите активности поврзани со вашиот кориснички профил се бележат по инсталирањето на апликацијата, а при секое пријавување состојбата се обновува, така што секогаш имате увид во ситуацијата.
Апликацијата е достапна во верзиите за Apple iOS, и Android на Google, а може да се инсталира и како додаток на web пребарувачите Chrome, Mozilla и Opera, а Explorer и Safari немаат можност за инсталација на додатокот.
За тоа колку е оваа апликација корисна може да се дискутира, но пасионираните корисници на Facebook во секој момент сакаат да знаат сѐ за своите пријатели и нема сомнение дека оваа апликација ќе достигне завидна популарност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top