Откриено спомен обележје на херојот од Ливоишта Благојче Крстаноски

Post Views: 10 Откриено спомен обележје на Благојче Крстаноски, херојот од Ливоишта, кој подмолно беше убиен на караулата Блаце, вршејќи ја својата должност, на 8 ми април 1999 год. Одбележувајќи ја 18 годишнината од неговиот прерано згаснат живот, денес во Ливоишта истакната личности и делегации го воздигнаа неговото име, на почесно и заслужено место во историјата на Македонија. Свое обраќање на овој чин имаше првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој истакна дека Благојче ќе го имаме секогаш меѓу нас, во нашите спомени кој како херој кој на олтарот на одбраната и слободата го...

Continue reading

Уметност преточена на велигденските јајца

Post Views: 0 Уметност преточена на велигденските јајца. Денес охриѓани имаа можност да видат како велигденските јајца се украсуваат и бојадисуваат во Русија, земјата лулка на православието. Тие беа воодушевени од начинот на шарање јајца со восок и посакаа да научат повеќе за таа техника и да ја испробаат и дома. Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид се одржа настан за историјатот на украсување и бојадисување на Велигденски јајца во Русија на кој присуствуваше и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски. Преку овој настан сакаме...

Continue reading

По прв пат Google ќе соработува со Кинези

Post Views: 0 Google досега секоја година претставува по еден модел на смартфон Nexus чии главни карактеристики беа силниот хардвер, пристапната цена и нова верзија на Android. Гласините кои со месеци кружат по интернет велат дека интернет џинот оваа година ја менува стратегијата и по прв пат ќе претстави два модели на смартфони, а исто така по прв пат ќе соработува со една кинеска компанија – Huawei. Со соработката со кинеската компанија Google ќе се обиде да го зголеми своето влијание во Кина, предвидуваат на страницата BGR.com, додека Huawei ова партнерство ќе го искористи за понатамошно...

Continue reading

Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“

Post Views: 1 Започна петтото издание на програмскиот маратон „Кодфест“. Ова е настан што ја прославува технологијата, иновациите, креативниот дух на младите програмери, а отвара и нови можности за формирање технички трговски друштва и мали бизниси од областа на технологијата, истакна Јасна Тренгоска, коосновач на манифестацијата. Настанот е осмислен како своевидна мотивациска платформа каде младите луѓе од Македонија и регионот можат да започнат и развиваат свои бизнис-проекти, при што ќе имаат можност да црпат знаења и искуства од врвни експерти и професионалци од целиот свет кои...

Continue reading

gripozni

Грипот во Македонија ја зеде првата жртва, најголем број заболени ќе има во февруари

Post Views: 4 Најсериозно е во соседна Грција од вирус од типот А (Х1Н1), до сега починаа пет лица.Сите тие не биле вакцинирани против грип и страдале од различни заболувања. На интензивните одделенија во болниците во Грција се сместени 14 сериозни случаи на заболени од грип. Здравствената власт предупредува на ширење на инфлуенцата. Српски епидемиолози предупредуваат дека врвот на епидемијата на грип може да се очекува во февруари.Според д-р Драгана Димитријевиќ од Инстутот за јавно здравје во Белград, симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока,...

Continue reading

Одбележани 100 години од првата улична светилка во Охрид

Post Views: 1 Во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, одбележана 100 – годишнината од поставувањето на првата електрична светилка во Охрид од страна на тогашната Австриска војска. Синоќа на градското пристаниште беше откриено пригодно обележје, а д-р Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид одржа краток историски час. „Токму денес во градот Охрид се случува еден настан од таканарешената урбана историја на Охрид. Нејзиниот историјат е доста интересен . Во првата светска војна австриските војски кои биле стационирани во Охрид во една фабрика во којашто всушност...

Continue reading

Црвениот крст од Охрид организира хуманитарен концерт за помош на самохрана мајка

Post Views: 3 Црвен крст Охрид во рамките на програмата Проект за хумани вредности, со цел да помогне на самохрана мајка од Охрид со две мали деца, ќе организира Хуманитарен концерт. Концертот ќе се одржи на 10 април, понеделник, од 20 часот во НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ Охрид. На концертот ќе пеат повеќе охридски талентирани младинци, а дополнително за забавата ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“ и комичарот Никола Тодороски. Влезницата изнесува 50 денари, а може да се купи кај волонтерите од Црвен крст или на врата во центарот за култура. Програмата Црвен крст во...

Continue reading

gradinka

Демне опасност над струшката градинка

Post Views: 4 Прокапе покривот на струшката градинка 8 ми Март. Овој проблем се јави во двата објекти кои ги поседува оваа установа, „Пеперутка“ и „Сонце“. Во моментов сите деца се во просториите на градинката Сонце, заради побезбедни услови. Но колку е таму побезбедно со сигурност неможе да се каже. Директорката на оваа установа Флора Емуш, вели дека сериозно е загрижена за одговорноста која и ја носи функцијата, бидејќи во моментов се соочуваат со големи проблеми, покривите на двата објекти капат, истите се канцерогени, паѓаат лустери на сред воспитно образовен процес и друго. Емуш...

Continue reading

Во потрага по внукот за филмот „Дедо и внук“

Post Views: 4 Филмската продукција од Македонија подготвува нов долгометражен филм, „Дедо и внук“ во режија на нашиот сограѓанин, Илија Пиперкоски. Станува збор за нов проект на Пандора Бокс продукција, од Македонија. Во моментов филмската екипа е во подготовки и се очекува деновиве да пристигнат во Охрид, открива театарскиот режисер од Битола, Јован Ристовски. Кастингот кој е на Катерина Грубач е во Охрид, во потрага по протагонист на ликот на детето во филмот.  „Во потрага сме по мало детенце меѓу 7 и 10 години кое има афинитети за актерска игра пред камера односно некој млад талент...

Continue reading

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена

Post Views: 6 Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија. Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на проценката на Комисијата дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот...

Continue reading

Неизвесно кога ќе се гради хотелскиот комплекс кај Горица

Post Views: 0 На ридот, над плажата Горица е мирно. Нема градежни зафати на тренот каде што беше највувана изградба на хотелски комплекс од висока луксузна категорија од брендот Small Luxury Hotels. Во јули 2014 година на просторот кај Горица започнаа подготовки на теренот за градежни зафати. Просторот се огради, се исекоја иглолисни стебла и се постави табла со податоци за објектот. На таблата која е поставена стои одобрение за градба, типот на објектот како и податоци за инвеститорот. Архитектите кои ТВМ ги консултира за прашањето во кој законски рок инвеститорот кој добил одобрение...

Continue reading

Свечено пречекани полските туристи

Post Views: 14 Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, пристигна првиот чартер авион со туристи од Полска. Традиционалниот македонски дочек, воден мост, закуска, погача и сол и торта и овој пат не изостана кој беше организиран на високо ниво од страна на ТАВ Македонија. Топло добредојде на гостите од Катовице, Полска им посака новиот министер за транспорт и вгрски Горан Сугаревски. „Нашата заложба како Влада на Р. Македонија е да го унапредуваме авио сообраќајот и да направиме колку што е можно повеќе да дојдат гости и да ја посетат нашата земја. Покрај скопскиот аеродром...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top