Одбележани 100 години од првата улична светилка во Охрид

По тој повод организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, кај градското пристаниште беше откриено пригодно обележје, во присуство на голем број дипломатски претставници, претставници на локалната самоуправа и други официјални лица и гости.

 |   | 

Во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, одбележана 100 – годишнината од поставувањето на првата електрична светилка во Охрид од страна на тогашната Австриска војска. Синоќа на градското пристаниште беше откриено пригодно обележје, а д-р Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид одржа краток историски час.

„Токму денес во градот Охрид се случува еден настан од таканарешената урбана историја на Охрид. Нејзиниот историјат е доста интересен . Во првата светска војна австриските војски кои биле стационирани во Охрид во една фабрика во којашто всушност ги репарирале своите оружја електричните погони ги користеле навечер за осветлување и така се создале неколку канделабри со електрично напојување“ рече  Никола Митровиќ – историчар архивист.

Зоран Тунтев – член на ЛК „Лихнидос“ објасни дека идејата за овој чин ја добил барајќи фотографии за пригодна изложба по повод 8-ми Декември (Св. Климент, Патрон на градот), и наишол на податок дека пред точно 100 години, 1916 година на градското пристаниште е подигнат првиот електричен фенер во Охрид, од страна на Австриската војска за што постои и фотографија. Тоа и била инспирацијата за  Лајонс клубот Лихнидос дас епокрене иницијатива на истото место да се подигне фенер и адекватно да се означи со пригодна плоча на македонски и германски јазик.

„Ова јас го набљудувам и од аспект на развојот на туризмот кога сега ќе дојдат австриски и германски туристи ќе најдат плоча напишана на Германски јазик и ќе видат луѓето дека негуваме некаква традиција и заедничка историја и од тој аспект веруам дека туризмот најдобро се продава кога имате добра приказна“ објасни  Зоран Тунтев – член на ЛК „Лихнидос“.

На церемонијата на откривањето на обележјето присуствуваше и амбасадорката на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер.

„Пред сто години од практична примена донесено е светло во светиот град Охрид, и луѓето можеле да прошетаат покрај убавото крајбрежје навечер. Прекрасно е да се биде денес тука повторно и да се прошета покрај оваа светилка“, потенцира  Ренате Коблер – Амбасадор на Австрија во РМ.

На свеченоста покрај амбасадорката присуствуваше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, претставници на локалната самоуправа и други официјални лица и гости.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top