Post Views: 1
Масовното труење на кучиња се повеќе ги загрижува сопствениците на домашни миленици. Стравуваат за безбедноста на своите миленици при прошетките. Бездомните кучиња најчесто страдаат од отров нанесен на храна но истиот може да се распраши и во околината каде што е фрлена затруената храна. За да се заштитат животните ветеринарите апелираат на кучињата да им се ставаат заштитни маски. Ване Стојковски, ветеринар од амбулантата „Тони“, посочува доколку сепак се случи вдишување или голтање веднаш да се повика ветеринар.
„ Важна е количината на отровот. Вдишаниот отров не може...
Post Views: 5
Од 9 до 14 април во охридскиот регион ќе престојува Комисијата на Унеско. Од Националната канцеларија на УНЕСКО во Скопје не откриваат детали што се е на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското културно наследство, но засега, неофицијално, се очекува да се врши увид во НП Галичица во однос на планираниот експресен пат до Свети Наум и ски центарот на Галичица како и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Комисијата ќе оствари средби и со невладини организации. Граѓанското здружение за заштита на животната средина Еден и граѓанската иницијатива...
Post Views: 1
Германскиот, францускиот и грчкиот лидер, но и лидерот на Европскиот совет на маса изнеле компромисен предлог кој би помогнал Грција да остане во еврозоната, а истиот е проследен до останатите лидери на членките на еврозоната на усвојување, наведува денес извор близок на преговорите.
“Постои договор на четворицата кој е проследен на сите останати членки на еврозоната”, навел изворот за агенцијата France Press, веднаш откако Европскиот совет објави продолжување на расправата на самитот со компромисот кој е на маса.
Компромисот го претставија германската канцеларка Ангела...
Post Views: 0
Во Црвен Крст Охрид во тек е реализација на националната програма за млади – ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности). која има за цел да обучи младинци на возраст од 13-17 години, кои ќе бидат оспособени да пронајдат целна група, да ги истражат потребите на целната група и да изнајдат решенија за да ја остварат целта, конкретна помош и ублажување на страдањата на оние на кои помошта им е најпотребна. Младите организирани во тимови, веќе преземаат конкретни активности за реализација на својата цел.
Еден од тимовите, работи на собирање на средства...
Post Views: 48
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски најави субвенции и за македонскиот овчарски пес, Шарпланинец за идната година во интервју за МИА.
– За прв пат во 2014 година треба да се започне со пилотирање на агроеколошките мерки за дополнителни плаќања за македонските автохтони раси праменка, буша и македонскиот овчарски пес, шарпланинец – изјави Димовски.
Ова е една од новините во распределбата на земјоделските субвенции кои за 2014 година се во висина од 140 милиони евра.
– Поддршката за секторот продолжува и во следниот период. Владата согласно Националната...
Post Views: 3
Сајбер криминалот е во пораст, а во регионов има доста талентирани хакери. Борбата со нив е постојана и затоа младите треба да се обучуваат како да се справат со овој вид криминал, вели еден од најпознатите етички хакери Ралф Ечемендија кој работи за ФБИ. Спопред него „Кодфест“, програмерскиот маратон кој започна вчера во Охрид и на кој има учесници од повеќе земји од регионов и пошироко е одлична можност програмерите да ги развијат своите бизнис вештини и да се заштитат од хакерите.
Моето присуство овде е доволен показател дека секој може да успее, без оглед од каква...
Post Views: 1
Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и предложиле мерки како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид, информира советникот Јоне Станкоски, кој е претседател на Комисијата за млади и спорт.
Донесовме одлука на последниот состанок на комисијата да му предложиме на Советот да донесе одлука за покривање на трошоците на веслачкиот клуб Југ, како тој не би згаснал....
Post Views: 1
Управувањето со цврстиот отпад ќе оди со средства на ИПАРД фондовите. Оваа одлука едногласно ја прифатија градоначалниците на југозападниот регион. Со тоа пропаѓа идејата за издавање под концесија на локација за изградба на регионална депонија. Претседателот на Советот на Југозападниот регион Рамиз Мерко вели дека иако не ги добиваат потребните средства од државата тие ќе настојуваат да дадат приоритет на оние општини кои досега воопшто не добиле проект.
На денешната седница на југозападниот регион беше претставена и физибилити студијата за собирање, одведување и третман...
Post Views: 0
Општина Дебрца продолжува со градежните активности околу реконструкција на Домот на култура во Лешани. Минатата година за таа намена, Бирото за регионален развој од Скопје преку Министерството за Локална самоуправа на општина Дебрца и додели средства во висина од 3 милиони денари, а исто толку средства од својот буџет одвои и општина Дебрца.
„Практично тука планираме да го сместиме училиштето деветтолетката и да имаат и самите ученици подобри услови за работа, меѓутоа оставивме и простор за жителите кои што сакаат да одржат состаноци или да се дружат, значи во самиот...
Post Views: 3
Изградбата на мега проектот – современ ски центар на Јабланица е клучен за развојот на туризмот во охридско–струшкиот регион, сметаат туристичките работници. Ски центарот ќе ја збогати понудата и ќе овозможи развој на туризам во текот на целата година, а не само во летниот период.
Спроти реакциите на екологистите и активистите, кои се против ваков проект и бараат заштита на планината, градоначалникот Мерко смета дека треба да се изградат скијачки патеки, но не и хотелски капацитети. Туристите ќе ги користат бројните хотели вдолж брегот на Охридското езеро.
Воопшто...
Post Views: 2
Децата од рана возраст треба да ги воспитуваме за опасностите кои ги демнат, како и постојано да ги предупредуваме за лоши навики кои предизвикуваат сериозни оштетувања на организмот, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето 7 ми Април.
„Даваме силен допринос од една страна кон негување на здравите животни навики уште од најрана возраст и од друга страна тоа пртетставува еден од начините на кој што општеството односно заедницата ќе се бори против пориците во општеството односно против лошите животни навики пред...
Post Views: 4
Градоначалникот Константин Георгиeски оствари средба со амбасадорката на Германија во Македонија, Анке Холштајн, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за последната одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои Општина Охрид ги презеде за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион. Амбасадорката Холштајн ги поздрави посветеноста и заложбите на градоначалникот Георгиески за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеење на правото.
Градоначалникот ја запозна амбасадорката...