Користете заштитни маски за домашните миленици при прошетки

Користете заштитни маски за домашните миленици при прошетки.

 |  Валентина Неловска  | 

Масовното труење на кучиња се повеќе ги загрижува сопствениците на домашни миленици. Стравуваат за безбедноста на своите миленици при прошетките. Бездомните кучиња најчесто страдаат од отров нанесен на храна но истиот може да се распраши и во околината каде што е фрлена затруената храна. За да се заштитат животните ветеринарите апелираат на кучињата да им се ставаат заштитни маски. Ване Стојковски, ветеринар од амбулантата „Тони“, посочува доколку сепак се случи вдишување или голтање веднаш да се повика ветеринар.

„ Важна е количината на отровот. Вдишаниот отров не може да предизвика сериозни последици по здравјето на домашните миленици, но сепак треба да се интервенира. Маската е најдоброто решение и да се избегнуваат местата околу контејнерите“, вели Стојковски.

Активистите за заштита на животните препорачуваат веднаш да се повика ветеринар и брзо да се интрвенира. Климент Арнаудов , активист за заштита на животните, советува  да се носат средства за брзо интервенирање за да се спречи смрта од труење кај миленикот додека се чека ветеринар.

„ Тие средства се купуваат во аптека. Ампула Атропин која предизвикува организмот пожестоко да се бори против дејставата кои ги предизвикува отровот. Јагленчиња кои се раствараат и се ставаат во уста, за да се поврати голтната храна. Да се носат и нараквици за наша безбедност“, вели Арнаудов.

Арнаудов кажува од сознанијата во пракса дека за масовното труење најчесто се користат два вида отрови. Едниот е Ланате кој е забранет за продажба и е многу смртоносен, а се користат и пестицидите кои се купуваат во земјоделските аптеки. Ланате може да се распрашува, но се подметнува и во храна, кажува Арнаудов.
Досега никој не одговарал за труењата на кучињата и не е поведена никаква истрага за да се откријат сторителите кои кршат неколку Закони и Уставот на РМ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top