Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“

Помош од Локалната за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со клубот и предложиле мерки како да му се помогне. Се очекува ова да е точка од дневниот ред на наредната седница на советот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Има надеж за опстанок на веслачкиот клуб „Југ“. Комисијата за млади и спорт, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески одржале состанок на кој се разгледале случувањата со Веслачкиот клуб „ Југ“ и предложиле мерки како Локалната самоуправа може да придонесе за спас од згаснување на најстариот спортски клуб во Охрид, информира советникот Јоне Станкоски, кој е претседател на Комисијата за млади и спорт.

Донесовме одлука на последниот состанок на комисијата да му предложиме на Советот да донесе одлука за покривање на трошоците на веслачкиот клуб Југ, како тој не би згаснал. Очекувам на нареднава седница да биде ставена оваа точка на дневен ред и да дискутираме на оваа тема како да се издвојат средства од буџетот за оваа намена, вели советникот Јоне Станкоски кој е претседател на Комисијата за млади и спорт.

Ова барање Станкоски го поднесе уште на 68мата седница на совет, но тогаш не наиде на зелено светло. Се надева дека сега советниците ќе имаат поголем слух за проблемите на „Југ“.

Овојпат очекувам да добијам поддршка бидејќи во Комисијата за млади и спорт има членови од сите партии, а тие на состанокот едногласно беа за да му се помогне на клубот. Очекувам овој став да биде пренесен и на седницата, вели Станкоски.

Инаку, проблемите на веслачкиот клуб „Југ“ започнаа уште пред три години кога Станкоски и некои советници побараа дa се издвојат средства од буџетот на општината со кои ќе му се помогне на клубот кој уште тогаш се наоѓаше во тешка материјална состојба. Советникот тврди дека и градоначалникот бил во тек со состојбата на клубот и дека дал ветување оти ќе се заложи за негово опстојување. Долгот на клубот од 400 000ден. сега е зголемен на 1милион и 200 000ден. по основ на камати. Неодамна по загубениот спор со Дебарско-кичевската епархија за хангарот во кој клубот ја чуваше опремата, од страна на извршители му беше запленета целата негова опрема. Во моментов, клубот нема ниту простории, ниту опрема со која би се изведувале тренинзите на триесеттината дечиња кои го посетуваа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top