Post Views: 9
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп.
Пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид. Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со намера против правно да присвојат туѓи подвижни предмети, со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални...
Post Views: 13
Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец” информираат дека утре, 19-ти април, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Рача, Рамне и Велестово.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од општината, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Post Views: 0
Кинескиот регулатор за хартии од вредност вчера објави дека врши истрага во компанијата Hundsum Technologies, поврзана со џинот за интернет трговија Alibaba, а сомнежите се темелат дека се вплеткани во неодамнешните превирања на пазарот со акции.Платформата за вложувања на Hundsom, HOMS, овозможува на финансиските компании и на своите клиенти алатки за тргување, вели американската агенција за финансиски вести Bloomberg. Кинеската регулаторна комисија објави дека организирала полициска инспекција во Hundsom во потрага по докази за можно кршење на прописите за хартии од...
Post Views: 5
Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број.
За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира овие...
Post Views: 1
Играниот филм „Крани“, кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот „Кога Истокот се среќава со Западот“ (When Еast Мeets West) во Трст, Италија и ја доби наградата од Јуропиен аудиовижуал ентерпренрс (European Audiovisual Enterpeneurs), ЕАВЕ.
Повеќе од 200 апликации од Европа беа пријавени за учество на овој престижен настан, но беа претставени само 22 проекти пред селектирана публика, известуваат од Филмски фонд на Македонија.
Единствен претставник од Македонија...
Post Views: 1
Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков.
На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите годинибил...
Post Views: 1
Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден.
Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се одржа...
Post Views: 3
Продолжува реализацијата на проектот „Жените преминуваат граници за промена“. Поректот е финансиран од ЕУ, а се имплементира во пограничниот регион, Струга и Поградец, во соработка со друга невладина организација од Поградец „Унегруаја“.Oбуката која се однесува на бизнис и бизнис планирање, е трета од циклусот обуки за невработени жени која ја организира Локалната агенција за развој Струга.
„Премногу сме задоволни од овие обуки, уште две поминавме, едната беше за комуникациски вештини,а другата за финансиска писменост, премногу сме задоволни и апелирам до сите невработени...
Post Views: 10
Во стариот дел од градот има мрежа од улични подземни и надземни хидранти. Она што недостасува за брза и непречена интервенција при гасењето пожари е тие да бидат означени, укажуваат од ТППЕ Охрид.
„Да се придржуваат граѓаните да не паркираат над хидрантската мрежа. Треба Проаква или Нискоградба да ги означат тие места за возачите да не ги паркираат возилата и да не се употребува просторот за паркинг“, вели Горан Маркоски заменик командир на охридската против пожарна единица.
Сашо Сотироски технички раководител од МЈП „Проаква“, најавува дека во месец мај и јуни се...
Post Views: 0
Ниту е крај на сагата, ниту Ѓоковиќ е вратен во Србија. Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Австралија и не е депортиран, односно вратен во Србија. Тој до понеделник ќе остане во имиграцискиот хотел „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.
Тениската ѕвезда од Србија, Новак Ѓоковиќ, го окупира светскиот медиумски простор откако при обид да влезе во Австралија за да игра на тенискиот турнир Австралија опен остана заглавен во Мелбурн бидејќи не приложил доказ дека е вакциниран со две дози против ковид-19, ниту имал веродостоен документ со кој би потврдил дека од медицински...
Post Views: 2
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...
Post Views: 0
Градоначалникот Константин Георгиески утрово заедно со дел од пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид направи увид на опожарениот објект на седвичарата „Вили“ на улицата „Димитар Влахов“, каде што вчера доцна попладне избувна голем пожар.
Благодарение на високата професионалност и исклучително брзата интервенција на противпожарната единица, пожарот беше веднаш локализиран и изгаснат. Интервенирано е со една противпожарна екипа и еден противпожарен камион, при што е спречено неговото понатамошно ширење, кое можело да предизвика катастрофални последици....