Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд

Велигденските празници добра увертира за престојната сезона. Хотелиерите задоволни како помина продолжениот викенд. Очекуваат уште поуспешно лето бидејќи покрај традиционалните гости годинава се најавени чартер летови со гости од Полска што е новина во регионов.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број.

За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира овие тури. Таа ќе пушти свои аниматори во хотелите, посебно за децата и за помладите категории кои ќе ги забавуваат и ќе им понудат нешто ново и свежо, вели Атанас Николоски, раководител за продажба и маркетинг во хотелите Метропол и Белви.

Задоволни сме од соработката со агенциите, вели Николоски. Раниот букинг директно во хотелите се користи во многу мал дел, единствено странци или пак наши кои живеат во странство во овој период резервираат за на лето, додава тој.

Резервациите течат со нормално темпо како што и очекувавме до овој период од годината се надеваме дека времето ќе не послужи и дека ќе имаме уште една солидна туристичка сезона, вели Николоски.

Цените се исти како и минатите години. Во пролетниот период полупансион чини 33 евра, во мај и јуни е малку поскапо, но има и акциски намалувања така што се нудат можности за сечиј џеб, велат хотелиерите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top