• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • ЛАР од струга продолжува со реализација на проектот „Жените преминуваат граници за промена“

ЛАР од струга продолжува со реализација на проектот „Жените преминуваат граници за промена“

Овој пат обуката се однесува на основите на бизнисот и бизнис планирањето, а е во организација на Локалната агеницја за развој од Струга.

 |  Крсте Голабовски  | 
lar
лар

larПродолжува реализацијата на проектот „Жените преминуваат граници за промена“. Поректот е финансиран од ЕУ, а се имплементира во пограничниот регион, Струга и Поградец, во соработка со друга невладина организација од Поградец „Унегруаја“.Oбуката која се однесува на бизнис и бизнис планирање, е трета од циклусот обуки за невработени жени која ја организира Локалната агенција за развој Струга.

„Премногу сме задоволни од овие обуки, уште две поминавме, едната беше за комуникациски вештини,а другата за финансиска писменост, премногу сме задоволни и апелирам до сите невработени жени да ги larпосетуваат овие обуки и ако немаат работа да знаат дека овие обуки се премногу поучни.“
„Многу ми помогна за да ги развијам своите работни вештини и остварив контакти со другите невработени жени и задоволна сум.“ велат некои од учесничките.

Преку овие работилници за зајакнување на  професионалните и личните вештини сакаме да ги подготвиме учесничките да станат покомпетитвни на пазарот на трудот, вели Ирина Мартиноска од ЛАР. Циклусот обуки ќе се одвива до крајот на месец март, а на младите жени од регионот ќе им овозможат да се стекнат со знаења кои понатака ќе бидат од непроценлива важност за нивниот професионален развој. Резултатите од обуките веќе може да се насетат, додава Мартиноска.

lar„Првата работилница беше за зајакнување на комуникациските вештини, после првата обука имавме многу голем интерес, бројаката скокна скоро дупло, а вотората работилница беше за основи на финансиска писменост и веќе се чувствува охрабрување кај учесничките да се самовработат, или побараат работа било во Струга или во Охрид или Скопје и се губи онаа пасивност која претходно можеше да се почувствува кај нив.“, објаснува Мартиноска.

Реализацијата на овој проект исто така ќе придонесе  за воспоставување на соработка меѓу невладините организации од Албанија и Македонија, како и за реализација на дирекна соработка и размена на искуства и информации меѓу жените учеснички во проектот. Во рамките на проектот планирано е да се орагнизираат и студиски посети на градовите од регионот, каде учесничките ќе имаат можност да разменуваат искуства и да реализираат одредени активности.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top