Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“

Post Views: 4 Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“ (МАССУМ) кое се одржа на 21 и 22 Април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место, а во најдобро светло се претставија и во следните категории: Јавно говорење на македонски јазикИнтервју за работа на македонски јазикОнлајн кариерно портфолиоПоетска творбаНајдобра...

Continue reading

ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО САНДАНСКИ Р.БУГАРИЈА

Post Views: 0 Викендов во Сандански, Р. Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учество зедоа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија. Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција. Во истата категорија нашиот друг претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови.Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира...

Continue reading

На светските берзи доларот продолжува да јакне

Post Views: 6 Растот на цената на акциите на азиските берзи се должи најмногу поради стабилизирањето на кинескиот пазар кој зајакнува втор ден по ред. Поради тоа спласнаа стравувањата дека ќе се повтори неодамнешниот крах на берзата во Кина, кога само во три недели цените на кинеските акции се стрмоглавија за повеќе од 30%. Позитивно на пазарите влијаеа и вчерашните цени на акциите на Wall Street, благодарение на бизнис резултатите на технолошките џинови како што се Google, Netflix и eBay. Доброто расположение на пазарите е резултат и на намалувањето на напнатоста околу Грција, откако...

Continue reading

Охриѓани и стружани ги поддржуваат законските измени за децата со посебни потреби

Post Views: 3 Охриѓани и стружани ја поддржаа граѓанската иницијатива за собирање потписи за поддршка на барањата на родителите за законски промени и дополнувања со кои на децата со посебни потреби ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.Охриѓани утре и задутре ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Од 10 до 18ч на градскиот плоштад во Охрид, пред св.Димитрија ќе биде поставен штанд со книгата за потписи, каде граѓаните ќе можат да ја дадат својата поддршка за законски промени и дополнувања со кои...

Continue reading

operacija

За безбедна хирургија, работа според протокол

Post Views: 5 Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во земјава во согласност со искуствата и практиките на СЗО. Протоколот е објавен во Службен весник и неговата примена е задолжителна за сите хируршки одделенија. Целта е воведување национални стандарди за безбедна хирургија, што значително ќе придонесе за минимизирање на ризикот за компликации и несакани настани што може да се превенираат при вршење хируршки интервенции. Ова вчера на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола...

Continue reading

Маркоска: Со вложување на најдоброто од себе до светски резултати

Post Views: 0 Младата стрелачка Јана Маркоска постигна нов личен рекорд, 404,7 круга, со воздушна пушка. Таа воедно ја понесе победата во Сандански, Бугарија, на меѓународниот натпревар на кој учествувале повеќе екипи од Македонија и Бугарија меѓу кои и охридскиот стрелачки клуб, со 4 јуниорки. Јана редовно тренира стрелаштво, околу 6 години, спорт кој го избрала од посебни причини кои ги сподели со нас. „Спортов ме привлече бидејќи е многу смирен, треба голема концентрација, секако и мотивација пред се за да продолжиш да тренираш“ Би Сакала да се видам на светско на олимпијада, секако...

Continue reading

За Студенчишкото блато ќе се изготвува нова стручна стратегија

Post Views: 2 Одржана јавна расправа за менување и дополнување на Генералниот урбанистички план. Измените се однесуваат на 9 урбанистички блока. Меѓу нив се измените за урбанистичкиот план 17.1 за Студенчишко блато и просторот 2.4 кај ФТУ, информира раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов. Арнаудов напоменува дека на барање на ФТУ во урбанистичкиот блок 2.4 наместо пренамена во хотелски комплекс и понатака ќе останат двете образовни институции угостителското училиште и факултетот за туризам и угостителство. Додека пак, Студеничишкото блато кое...

Continue reading

americko katce

Национален младински парламент

Post Views: 3 Младите се наоѓаат во стаклено звоно изолирани од општествените случувања. Тоа го покажаа податоците на Невладината организација Реактор- Истражување во акција, презентирани на јавни дебати, кои се одржуваат во 18 градови во земјава. Невработеноста на младите како и нивната недоверба во локалните власти дека можат да обезбедат подобро утре за младите, се доволни причини младите здружени во 51 организација да го кренат својот глас за формирање на чадор младиинска организација на национално ниво, вели Маријан Забрчанец од МОФ. „Организација која што ќе ги застапува правата...

Continue reading

Црковните споменици во охридско во лоша состојба

Post Views: 0 Работниот век на Гоце Ангеличин Жура крие непроцентото познавање на црковните споменици. Секојдневно истражувајќи го ова наследство во охридско, смета дека јавноста треба да знае за нивната големина и вредност. Жура укажува дека црковните споменици во руралните средини иако се мали по димензии, значајно е што таму и по доаѓањето на грчката патријаршија во 11 век, се зборувало на словенски, а не на грчки јазик. Тој открива дека вистинско богатство што воопшто го нема ниту во Византиската уметност во Европа е црквата Св.Никола во Велмеј, каде фреските датират до 13 век,...

Continue reading

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Post Views: 1 Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C. Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец. Од Локалната...

Continue reading

Oхриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби

Post Views: 3 Различни сме, но еднакви. И охриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Во тек е координација на ресурниот центар на родители на деца со посебни потреби со волонтери, невладини организации и родителите  на деца со посебни потреби,  кажа за ТВМ Горица Поповска – Нелевска Регионалниот координатор на овој Ресурсен Центар. Во текот на утрешниот ден ќе излезат со детални информации за времето и местото на собирање потписи. Инаку, собирањето потписи е граѓанска иницијатива под мотото ”5 до 12” на родителите...

Continue reading

Лирска вечер ќе ја заокружи музичката програма на 61-то издание на „Охридско лето“

Post Views: 4 Музичката програма на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со Лирската вечер на фестивалски камерен оркестар и вокални солисти од Македонија под диригентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Ќе настапат сопраните Милена Арсовска и Гонца Богоромова-Краповски, како и баритонот Иван Наумовски. Уметничката кариера на Галоа вклучува повеќе активности: покрај исклучително плодната активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top