Post Views: 11
Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш,...
Post Views: 2
Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.
Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да не дојде...
Post Views: 0
Кое средно училиште да го одберам? Периодов ова прашање е дилема која треба разумно да се реши, секако со договор меѓу родителите и децата кои завршуваат деветтолетка. Промените кои што се јавуваат во образовниот систем годинава директно или индиректно се поврзани со имплементација на Кембииџ методологијата. Околу изборот на деветтодделенците за гимназиското образование, својот став го изнесе Ангел Јанев сопственик на приватниот образовен центар ПИ СИ
„Родителите заедно со децата пред да ја донесат одлуката каде да се запишат во гимназиското образование би требало да...
Post Views: 0
„Мојот пријател полицаец“ и „Бон тон“. Децата од објектот Лихнида денес ги презентираа завршните активности на овие два проекти, а воедно и ја заокружија годината пред родителите и останатите гости. Директорката Розе Костеска истакна дека соработката со полицијата и тоа како допринела децата од мали нозе да се стекнат со основните познавања на сообраќајната култура, да ја препознаваат сообраќајната инфраструктура, знаци и правила.
„Сета таа заедничка соработка вродува со плод и на крајот децата добиваат знаења како треба безбедно да се однесуваат со цел да имаат побезбеден...
Post Views: 0
Иако лицата со здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во мразот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици на здравјето може да има нивната долгорочна употреба па затоа е потребно мразот да се третира на правилен начин.
Во машината за правење коцки со мраз се акумулираат бактерии и тие ја контаминираат водата за време на процесот на замрзнување. Воглавно овој апарат не се третира како останатите апарати во домаќинството т.е не се чисти поради предрасудата дека не е валкан. Меѓутоа, тоа е грешка и потребно е редовно чистење.
Најголем виновник за...
Post Views: 13
Во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг понг во ОУ „Христо Узунов“,покрај редовните натпревари се официјализира соработката со здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ„Св.Килимент Охридски “ и сите беа вклучени во денешните натпревари .Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се инплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во сојузот за училишен спорт Охрид.
Резултати од натпреварите пинг понг :
Во женска конкуренција :
1. Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани2....
Post Views: 0
Изгоре обновениот Кралски конак во манастирот Свети Прохор Пчински. Иако огнот е изгаснат пожарникарите се уште дежураат на терен.
Пожарот избувнал утрово во 10.20 часот, изгореле 80 проценти од конакот, јавуваат срспките медиуми, кој бил во фаза на реновирање.
Портпаролот на полициската управа во Врање, Драги Стаменковиќ рече дека според досегашните сознанија нема човечки жртви и дека противпожарните екипи се на терен.
Изгорел покривот, но причината за избувнување на пожарот засега е непозната.
Манастирот се наоѓа на непристапен терен во подножјето на планината Козјак...
Post Views: 1
Нова метода во интервентната кардиологија. Од денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан, ќе се применува новата процедура Ротаблација, за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови кои имаат масивни калциумски депозит во ѕидот. За оваа метода се користи посебна апаратура и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои вршат еден вид вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, за да може да се постави стент. Д- р Никола Бакрачески појаснува зошто се наложила потребата од примена на оваа метода.
„Се работи...
Post Views: 1
Се поизвесна станува изградбата на современиот Конгресен центар во Охрид. До Електрани на Македонија во врска со реализација на овој проект било доставено само едно идејно решение од страна на архитектката Ивана Ралевиќ која ја понесе и наградата во висина од 700.000 денари. Следува фазата на избор на проектантско биро кое што ќе го подготви основниот проект, за што веќе е распишан и оглас. Државната компанија за подготовка на основниот проект е предвидено да издвои околу 18 милиони денари. Договорот со проектантската куќа ќе биде со времетраење од 12 месеци.Инаку, првичните...
Post Views: 4
Еден денар плата добија вработените во ЈП „Комунално“ Струга. „Не можев да си поверувам кога го проверив извештајот на банката, дека на ден 14 ти март годинава направен е трансфер од еден денар за исплата на плата“. Ова го кажува вработен во ЈП „Комунално“, Струга, кој не сакаше да проговори пред нашата камера, стравувајќи дека ќе биде казнет. Оваа информација со доза на резерва ја примивме и ние, сметајќи дека се работи за некаква техничка грешка. Но изводот од сметката до кој дојде ТВМ, покажува црно на бело.Претседателот на синдикатот на ЈП, Борче Мижимакоски, вели...
Post Views: 1
На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу 300.000...
Post Views: 2
Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки за заштита од пандемијата кои се на сила од 16 јули. За посетителите да влезат во сите објекти задолжително е поседување на Ковид-19 документи, односно треба да приложат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена.
Од охридските локали денес се отстранети вчерашните натписи со кои посетителите се информираат дека ќе работат со 30 проценти од своите капацитети за да не бараат ковид документи.
ТВМ ги контактираше менаџерите на кафулињата како ги спроведуваат мерките, но тие...